РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИ ВО РАШТАНИ И ВО ПРЕВАЛЕЦ

Во текот на вчерашниот ден завршија градежните зафати за реконструкција на краци од улици во населбата Превалец и во село Раштани. Дел од улиците се послаа со завршен слој бетон. Општина Велес продолжува со реализација на градежни активности и инфраструктурни зафати за рамномерен развој.  

СЕ УРЕДУВААТ УЛИЦИТЕ ОКОЛУ ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Продолжуваат градежните активности во Велес. Со стабилизирање на временските услови градежната механизација е активна на терен. Се довршуваат улиците во близина на Градскиот пазар. До крајот на оваа седмица се очекува да се санираат оштетените делови и да се постави втор асфалтен слој на улицата „Кресненско востание“ додека на улицата „Петре Прличко“ е прдвидено да…

ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ НА УЛИЦА „КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“

Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а потоа реконструкцијата ќе продолжи со поставување на бехатон плочки. Општина Велес продолжува со реализација на градежни активности во градот.  

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УШТЕ ЕДЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „ТРАЈЧЕ ПЕТКАНОВСКИ“ ВО ПРЕВАЛЕЦ

Почна реконструкција на уште еден крак на улицата „Трајче Петкановски“ во населба Превалец. Реконструкцијата на овој крак опфаќа поставување на завршен слој од бетон во должина од 170 метри. Општина Велес продолжува со инфрастурктурни зафати на сите делови од градот.  

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА ВО РАШТАНИ

Започна реконструкцијата на уште една улица во село Раштани. Градежната механизација ги почна активностите на терен, во тек се подготвителни земјени работи на улицата во ова населено место, по што следува поставување на завршен слој асфалт. Општина Велес продолжува со реализација на градежни активности за рамномерен развој.  

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦА ВО КАРАСЛАРИ

Се реконструкција уште една улица во село Караслари. Во тек се градежни зафати за поставување на завршен слој асфалт на улица во должина од 255 метри. Реконструкцијата на улицата се изведува во соработка помеѓу Општина Велес и месното население. Општина Велес ги изведе сите земјени работи за ископ, нивелирање и тампонирање на улицата со што…

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „8 МАРТ“ Е ЗАВРШЕНА

Улицата „8 Март“ е целосно реконструирана. Градежните зафати со поставување на асфалтен слој завршија. Во наредниот период ќе се изврши реконструкција и на тротоарите а ќе се постави и вертикална и хоризонтална сигнализација. Општина Велес продолжува со реализација на планираните градежни активности и во наредниот период.  

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СПОЕРТСКО – РЕКРЕАТИВНИОТ КОМПЛЕКС ВО НАСЕЛБА ПРЕВАЛЕЦ

Започнаа градежните зафати за реконструкција на спортско-рекреативниот комплекс во населба Превалец. Се реконструираат спортските терени и ќе се поставува нова урбана опрема. Активностите се одвиваат согласно предвидената динамика со што по завршувањето на градежните работи и уредувањето на просторот жителите од овој дел на градот ќе добијат убаво, модерно и функционално катче за спорт и…