ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани, Општина Велес ве информира дека поради одржување на настан ќе биде воведена привремена забрана за сообраќај во Градскиот парк. Забраната ќе важи на 04 април  (сабота) во периодот од 10:00 до 15:00 часот. Настанот што ќе се одржи од 11:00 до 14:30  часот во Градскиот парк е презентација на воена опрема, борбени возила и…

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА „БЕЛГРАДСКА“

Започна реконструкцијата на вториот дел од улица „Белградска“.  Во тек се подготвителни земјени зафати по што ќе следи поставување на завршен асфалтен слој. Во изминатиот период на оваа делница беше сменета дотрајаната водоводна мрежа со нова а беше изграден и еден потпорен ѕид. Поставен е и фундамент за вториот ѕид за чија изведба ќе се…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Oпштина Велес  дека од 16 март 2026 година, започнаа градежните работи на улица „Белградска“ – делот од спојот со улица „Димитрија Чуповски“ до спој со улица „Невена Георгиева Дуња“  во должина од околу 400 метри. Во текот на реализација на градежните работи  ќе се користи градежна механизација од различен вид  и…

КООРДИНИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОБНОВА НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Во рамки на активностите за ревитализација на езерото Младост, се изврши чистење на крајбрежјето од суви наслаги, наталожен седимент возводно, сува трска и наслаги. Акцијата беше спроведена според предвидената динамика од страна на Јавното претпријатие за водостопанство Лисиче во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во наредните денови ќе биде распишан и јавен…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА ЕЛЕКТИЧНА ЕНЕРГИЈА (22.02.2026)

  Почитувани,   На 22.02.2026 (недела) од 06:00 до 09:00 часот поради санација на настанат дефект на проводни изолатори на собирници од напојна трафостаница 110/10 Велес 1 поголем дел од градот Велес ќе нема електрична енергија. По улици:   ул.11 Ноември, ф-ка Брако, ул.Раштански Пат, свињарска фарма Валентина, ул.Луј Пастер, ул.Камка Тоцинова, ул.Мите Богоевски, ул.…