Започна кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот. Општина Велес  како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ Едукативната кампања „Мојот данок, за мојата општина!“ има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност…

АЛЕКСАНДАР РУСЈАКОВ ДОБИТНИК НА ГОДИНЕШНОТО РАЦИНОВО ПРИЗНАНИЕ

Наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување годинава му се доделува на авторот Александар Русјаков за романот „Хотел меѓу две војни“. Комисијата во состав Јасминка Делова-Силјанова (претседател) и членовите Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолска, едногласно одлучи од доставени 22 книги на конкурсот, наградата да се додели за ова прозно остварување кое плени со својата оригиналност…

Aтлетска трка „Трчаме за Рацин“

Почитувани, На 12.06.2022г.(недела), низ Велес ќе се одвива атлетска трка „Трчаме за Рацин“. За таа цел ве молиме во недела да не ги паркирате вашите возила на потегот од Панини до Театар Ј.Х.К.Џинот со цел успешна реализација на трката. Ви благодариме! Со почит, Општина Велес

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во пресрет на Денот на екологијата, Општина Велес Ве поканува на настан од забавно едукативен карактер преку кој низ дружење, игра и забава ќе се промовира начинот на правилното отстранување на отпадот. Овој настан подигнување на свесноста за важноста од правилно отстранување на отпад е дел од активностите на проектот „Одржлив урбан развој на ромските…

Извршена е аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес

Почитувани граѓани, Ве информираме дека во раните утрински часови е извршена аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, со третирањето е опфатена површина од 2000 хектари. Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Обезбедени се буџетски средства за уште две авионски прскања. Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита…

Извршен надзор врз полњето на авионот со средство за прскање против комарци

Почитувани граѓани, Под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, во 17:30 часот во Пеширово Св.Николе се реализира полнењето на авионот со средство за прскањето против комарци, кое што требаше да се спроведе вчера, но беше одложено за денес поради лошите временски услови. По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран…

С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14),  Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:   С О О…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради припреми на спортските терени во Градски парк за одржување на престојните спортски игри, почнувајќи од денеска 31  мај 2022 година до 5 јуни 2022 година (недела) градскиот парк ќе биде затворен за возила, освен за дистрибутери со пропусница. Граѓаните и рекреативците ќе можат непречено да се движат во паркот. Се замолуваат граѓаните за разбирање…

ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ ЗАФАТИ НА УЛИЦА АНГЕЛ МИШЕВ НАСПРОТИ ЖИТО

Со стабилизирање на временските услови, од утре 31 мај 2022 година, продолжуваат започнатите градежни зафати на раскрсницата на улица „Ангел Мишев“ спој со улица „Петре Прличко“ и улица „Димитар Влахов“, наспроти маркет Жито. Се известуваат граѓаните дека поради непречено одвивање на градежните работи ќе има прекин на сообраќајот кој ќе трае најмалку две недели. Ќе…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна  дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност             Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 01…