КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ВО ЧЕСТ НА ЧЛЕНОТ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС АЉУШ АХМЕД

По повод смртта на членот на Советот на Општина Велес Аљуш Ахмед од Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска во просториите на Општина Велес (Голема сала) се одржа комеморативна седница. За животот и професијата на Ахмед, пред членовите на смејството и членовите на Советот на Општина Велес говореше Претседателот на Советот Ќирил…

10 ДЕКЕМВРИ, ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Почитувани сограѓанки и сограѓани Во името на Советот на Општина Велес и во мое лично име Ви го честитам Меѓународниот ден на човековите права. Секој човек има право на живот, слобода и сигурност. Секој човек е еднаков пред Законот. Секој човек има право на слобода на движење, слобода на изразување и мислење. Секој човек има…

Акција за пошумување на опожарениот дел на Езерото Младост

Општина Велес организира граѓанска акција за пошумување на опожарениот дел на Езеро Младост која ќе се реализира на 12 декември 2020 година (сабота), на површина од 10 хектари. За таа цел Општината обезбеди 12 000 садници.  Во акцијата ќе земат учество: вработените во Општина Велес, јавните претпријатија и други општински институции и Здруженија на граѓани.…

СКУЛПТОРСКА ИЗЛОЖБА НА ИЛЧО СТОЈАНОВСКИ ИЛКО

Дваесетина скулптури од дрво, гипс, керамика и мермер изработени од академскиот вајар Илчо Стојановски Илко се изложени во Ликовниот салон во Велес. Изложбата е проект од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2020 година од национален интерес, финансиски поддржана од Министерството за култура,во реализација на одделението за Историја на уметноста, ЛУ Народен музеј…

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по предлог ДУП за дел од УБ 56 и дел од УБ 57, УЕ 11, Општина Велес

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Согласно последните резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес  ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 16 и 17 ноември 2020 година од 116.03 μg/m3,…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Согласно последни резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес  ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 11 и 12 ноември 2020 година. Согласно Уредбата за…

ДЕНЕСКА ПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ТРОТОАРОТ, НА ПОТЕГОТ ОД ТЕАТАРОТ ДО ПОШТА

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека ќе се реконструира тротоарот од левата страна на улица „Благој Ѓорев“, на потегот од Театарот до Пошта. Градежните работи ќе започнат денеска. Прво ќе се крши, асфалтот, ќе се товари и транспортира до одредена дестинација, потоа ќе се вадат корења од дрвја за да се подготви површината за…

ЈАВНИ РАСПРАВИ ПО НАЦРТ-ПРОГРАМИТЕ ЗА РАБОТАТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО 2021 ГОДИНА, НЕМА ДА СЕ ОДРЖАТ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО

Поради пандемијата со Ковид-19, годинава, Општина Велес ја известува јавноста дека Јавните расправи по Нацрт-програмите за работата на општината нема да се одржат со физичко присуство на сите заинтересирани граѓани. Како одговорни граѓани за своето и колективното здравје, Општина Велес ги презема сите мерки на претпазливост за да се спречи ширење на заразата во заедницата.…