СООПШТЕНИЕ За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за дел од урбан блок 56 и дел од урбан блок 57, урбана единица 11, Општина Велес

Границата на планскиот опфат започнува, од северо-источна страна по осовина на ул. Благој Ѓорев до најјужна точка од каде опфатот поминува кон запад по граници на катастарски парцели, продолжува кон север по оска на ул Станбена 2, па по граница на катастарски парцели се до ул. Станбена 1 и ул. Станбена 6 кон север, па…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – ВТОРО ЛАРВИЦИДНО ТРЕТИРАЊЕ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност, Општина Велес ја известува јавноста дека на 09  и 10 септември 2025 година ќе се извршува второ…

Извештај од анализа здравствена безбедност на површинска вода езеро Младост 14.08.2025

Водата во езеро Младост и понатаму останува забранета за капење и рекреација покажаа и последните Извештаи од анализирани мостри на вода од мерните места Отовичка плажа, брод Панини и плажа Бела вода земени на 07.08.2025 година. Извештај

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦА БЕЛГРАДСКА

Со постилање на втор асфалтен слој денес заврши реконструкцијата на улица Белградска. Сите недостатоци од претходно нанесениот асфалт беа отстранети на товар на фирмата изведувач, со што го задржавме квалитетното извршување на работите во Општината. Оваа фрекфентна улица повеќе од 20 години наназад била запоставена поради нејзината должина и специфичноста на теренот, но со денешните…

Б – ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и  “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22, 03/25), Градоначалникот на Општина Велес  издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес кои живеат или  транзитираат на улица Белградска на потегот од спој со улица Киро Ќучук до спој со улица Димитрие Чуповски дека почнувајќи од утре – САБОТА 16.08.2025 година па се до СРЕДА -20.08.2025 година да не ги паркираат своите возила на улицата заради потребата од започнување со асфалтирање.…