ОПШТИНА ВЕЛЕС ОД ХАБИТАТ И ВИНЕРБЕРГЕР ДОБИ ДОНАЦИЈА ВО ЌЕРАМИДИ ЗА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ВО БАШИНО СЕЛО

Подрачното основно училиште „Панко Брашнаров“ во Башино Село доби донација во ќерамиди за реконструкција на покривот на објектот. Донацијата ја обезбеди Здружението за хумано домување Хабитат Македонија преку партнерскиот договор со најголемиот производител на тули во светот  Винербергер. „Хабитат Македонија е домакин на еден несебичен гест на компанијата Винербергер. Првата донација е во ќерамиди за…

ВО ЧЕСТ НА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА НЕГОВИОТ ГРОБ

По повод 118 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов делегација од Општина Велес денеска положи свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св. Пантелејмон“. На тој начин му оддаде почит на ликот и херојскиот подвиг на овој велешки јунак, чиј живот завршува на 24 годишна возраст, кој сам си го одзема пукајќи…

СЕ ПОШУМИ УШТЕ ЕДЕН ДЕЛ ОД ОПОЖАРЕНИОТ ПОЈАС НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ НА ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ

Над 200 граѓанки и граѓани на Велес денеска засадија 12 000 дрвца на есенската акција за пошумување на опожарениот појас крај Езеро Младост. Сложно и вредно работеа војници, пожарникари, акцијаши, службеници, советници и раководни лица, претставници на Граѓански здруженија, Општинска организација на Црвен крст, Шумско стопанство ,,Бабуна“ и други вљубеници на природата и здравата животна…

СКУЛПТОРСКА ИЗЛОЖБА НА ИЛЧО СТОЈАНОВСКИ ИЛКО

Дваесетина скулптури од дрво, гипс, керамика и мермер изработени од академскиот вајар Илчо Стојановски Илко се изложени во Ликовниот салон во Велес. Изложбата е проект од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2020 година од национален интерес, финансиски поддржана од Министерството за култура,во реализација на одделението за Историја на уметноста, ЛУ Народен музеј…

ОДБЕЛЕЖАНА КАМПАЊАТА 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Со делење на заштитни маски на кои  е испечатено лого „Стоп за родово базирано насилство“, Организацијата на жени до Велес, во театарската зграда, симболично ја одбележа кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените„.Носител на кампањата е Организацијата на жени во соработка со Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените. Кампањата  во континуитет ја…

ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА 9 НОЕМВРИ

Седумдесет и шест години слободен Велес, 9 Ноември, датум врежан во колективната меморија на жителите на Велес. Ден над сите денови во историјата, ден на непокорот и саможртвата на борците од Народно-ослободителната борба. Ниту на овој ден денешен, во услови на вонредна криза поради пандемијата, велешани не ја забораваат историјата, не ги забораваат борците и…

Велес домаќин на пливачкиот маратон

Во сабота, 12 септември, Велес ќе биде домаќин на седмиот традиционален  пливачки маратон на езерото Младост како финална трка во националниот куп во далечинско пливање, соопшти денеска  градоначалникот Аце Коцевски. „Со почитување на протоколите за заштита, во интерес на континуираниот развој на спортот и годинава ќе го организираме традиционалниот велешки пливачки маратон на езерото Младост.За…

ОДБЕЛЕЖАН 8 СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Годинава во посебни услови, согласно протоколот за одбележување државни празници на комисијата за заштита од заразни болести, односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи, обезбедена дистанца и соодветна заштита беше одбележана 29-годишнината од македонската независност. За историското значење на 8 Септември, пред присутните претставници на Општина Велес, Сојузот…

„ГЕМИЈА ЕВРОПОРТА ОТВОРА” – 20 ГОДИНИ КОЈНИЧКИ СРЕДБИ

Во рамки на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”, на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк, вечерва беше прикажан документарниот филм „Којник“. Филмот е направен по сценарио, текст и режија на проф. Љубомир Ракиџиев и Кире Василевски, а е во продукција на ТВ Канал 21, Велес и Зоран Ставрев.…

ПО ЕДИНАЕСЕТТИ ПАТ, ВЕЛЕШКА ПОЕТСКА ВЕЧЕР

Членовите на клубот на писатели „Коста Солев Рацин” од Велес, вечерва настапија пред велешката публика и љубителите на пишаниот збор во рамки на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Велешката поетска вечер со писатели, гости од целата држава, кои се членови на поетски друштва се одржува традиционално секоја година во…