80 ГОДИНИ „БЕЛИ МУГРИ”

По повод 80 години од излегувањето од печат на антологиската збирка „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин, денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во соработка со Општина Велес, организираше поетско чествување. Пред присутните љубители на пишаниот збор и почитувачи на делото на Рацин, поздравен говор имаше Игор Крајчев, директор…

ВО ВЕЛЕС -ПРВАТА ДОБРО ОПРЕМЕНА ДЕТСКА БОЛНИЦА НА БАЛКАНОТ

Во рамки на активностите за одбележување на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес, вечерва во фоајето на НУЦК Театар “Јордан Хаџи Константинов – Џинот” беше промовирана книгата “100 години од првата детска болница во Велес” од истакнатиот новинар, публицист, романописец и истражувач, Јосиф Џочков. Имено,точно пред 100 години во далечната 1919 година, во периодот…

ВЕЛЕС ГО ПРАЗНУВА ДЕНОТ НА ОПШТИНАТА

Вечерва во НУЦК „Ј.Х.К.- Џинот“ во рамките на Свечената академија велешани ги слушнаа имињата на добитниците на Деветтоноемвриските награди.„Нашата саможртва е вградена во темелите на македонската држава.Секогаш може повеќе и подобро.Тоа е девизата и мотивацијата што не поттикнува неуморно да работиме за Велес и за благодетта на сите наши сограѓанки и сограѓани.Апелирам сите заедно да…

ВОЈКО ЈАНЕВСКИ – 50 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО

Во рамки на деновите за одбележување на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес вечерва беше одбележан пеесет годишниот јубилеј од творештвото на академскиот вајар, реномираниот велешанец, Војко Јаневски. На ликовната изложба беа изложени 45 слики изработени во разни техники, цртеж со туш, цртеж со бајц, масло на платно, акварел и во комбинирана техника, шест…

75 ГОДИНИ – СЛОБОДЕН ВЕЛЕС

По повод 9. Ноември, Денот на Општина Велес, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска традиционално организираше прием за делегација на Општинската Организација на Сојузот на борците. Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на сите велешанки и велешани, градоначалникот Коцевски им упати благодарност за нивниот голем придонес…

ДОДЕЛЕНА АКТЕРСКАТА НАГРАДА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“ ЗА 2019 ГОДИНА

Вечерва во НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ на реномираниот македонски актер и режисер Диме Илиев свечено му беше доделена актерската награда за животно дело „Петре Прличко“. Престижната награда му ја додели градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. За импозантната театарска, телевизиска и филмска кариера на Илиев, за големиот број одиграни улоги и добиените…

Инклузивни партнерства во општините

Инклузијата во образованието и процесот на вработување преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на лицата/младите со попреченост беше во фокусот на денешната средба што Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија ја презентираше во рамки на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“.Проектот е финансиран од Европската Унија и се спроведува од…

52. ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ – МЛАДИТЕ ПОЕТИ ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Убавиот пишан збор и ликовната уметност беа причината денес во Велес на едно место да се соберат младите поети и ликовни уметници од повеќе градови од државата. Во текот на денешниот и утрешниот ден, во Велес, на повеќе локации по 52. пат се одржуваат Детските Рацинови средби, чии активности се во рамките на официјалната програма…

Марковски, Имеров и Ванов најбрзи на Ендуро Велес

Во рамките на Државниот шампионат во Ендуро денес заврши 3- тата трка на која земаа учество поголем број на мотоциклисти.Беа постигнати следниве резултати: Е3 класа: Трето место: Сали Имеров од Мото клуб Мото Велес со освоени 40 бодаВторо место: Владимир Димков од Мото лкуб Ендуро тајм со освоени 42 бода.Првото место : Дејан Марковски со…

АДРЕНАЛИН НА ,,ДВЕ ТРКАЛА”-ЗАПОЧНА EНДУРО ВЕЛЕС

Езеро Младост денес беше центарот на ендуро мото спорот во земјава. Голем број моторциклисти од повеќе реномирани македонски мото клубови учествуваа на втората ендуро трка од оваа година во рамките на Државниот шампионат во Ендуро. “Традицијата ќе продолжи и во иднина, догодина се надевам трката ќе добие и меѓународен карактер.Стискајте гас, возете внимателно и многу…