ШПАНСКИОТ АМБАСАДОР, ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ ВО ВЕЛЕС

Со донација на пилатес топки, амбасадата на Кралството Шпанија се приклучи кон поддршката на Општина Велес како дел од многубројните активности за одбележување на Европската недела на мобилност 2023. Неговата екселенција, амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија денес оствари работна средба со Градоначалникот Марко Колев, а потоа во ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”…

ВОЗИМЕ НИЗ ВЕЛЕС

Членовите на ЗГ „Велес бајкинг” од Велес и останати љубители на велосипедизмот, вчера во попладневните часови, а во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2023 (ЕНМ 2023), со возење велосипед по карактеристичните велешки улици и сокаци, маалските плоштади на Којник и Јурија, ги посетија Спомен-куќите на познатите великани Кочо Рацин и Васил Главинов,…

ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА СО ОЈУДГ „ДИМЧЕ МИРЧЕВ” ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023

Преку креативно – едукативна работилница со дечињата од ОЈУДГ „Димче Мирчев” започнаа активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2023 која ќе трае до 22 септември. Преку игра, песна и спортски активности, најмладите од градинката во придружба на своите родители и членови на своите семејства подготвија работилница на која пред присутните укажаа на потребата…

ПРЕТСТАВЕНИ ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ДОСТИГНУВАЊА НА ЗГ „ВЕЛЕС БАЈКИНГ” ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023

Со организирана изложба на спортска велосипедска опрема, велосипеди и фотографии од велосипедските доживувања, остварувања и подвизи кои ги има постигнато Здружението на граѓани „Велес бајкинг” од Велес, денес во просториите на Европска куќа Велес беше и официјално претставена Програмата за сите активности со кои Општина Велес и оваа година ќе ја одбележи Европската недела на…

81 ГОДИНА ОД МАСАКРОТ НА ПУСТА КУЛА

Делегација на Општина Велес и претставник на Општинската Организација на Сојуз на борци на Македонија – Велес денеска го посетија местото на масакрот на седумте припадници на Народното ослободително движење на Пуста Кула. Пред споменикот на кој се испишани имињата на жртвите на фашистичкиот окупатор, оддадоа почит и положија цвеќе. На 14 септември 1942 година…

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023 ВО ВЕЛЕС

Во периодот од 16 до 22 септември 2023 година, тим од Општина Велес и оваа година организира седумдневни активности со кои ќе биде одбележана Европската недела на мобилност 2023 (ЕНМ) во тесна соработка со Здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании. Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на овие…

ВЕЧЕР НА СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ

По повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, во амфитеатарот на Младински парк се одржа „Вечер на староградски песни“. Традиционалната манифестацијата е во организација на Здружението на граѓани „Распеани велешани’“. Пред велешката публика со свои музички точки се претставија ансамблите од Гевгелија, Валандово и Свети Николе кои ја негуваат традиционалната староградска…

62 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АЛЕКСО ДЕМНИЕВСКИ БАУМАН

Денеска се одбележуваат 62 години од смртта на македонскиот комунист и учесник во НОБ и во Шпанската граѓанска војна, Алексо Демниевски Бауман. Во негова чест, пред спомен бистата, свежо цвеќе положија делегации на Општина Велес и на Командата за доктрини и обука што го носи неговото име.  

ЗАВРШЕН НАСТАН ЗА ПРОЕКТОТ НА ЕД „ВИЛА ЗОРА”, „СЕЛЕКТИРАЈ – КОМПОСТИРАЈ”

Преку организирана работилница за користење на готов компост, произведен во новонабавените електрични компостери и со презентација на постигнатите резултати од проектот насловен „Селектирај – компостирај“, во ОЈУДГ „Димче Мирчев”, Објект 2 „Сонце”, беше одржан завршен настан на кој беше претставен и се заокружи едногодишниот процес на имплементација и реализација на истоимениот проект, кој го реализираше…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МЛАДИТЕ

Во организација на Младинскиот центар Велес (МЦВ) и на Локалниот младински совет на Општина Велес (ЛМС Велес), а со поддршка на Општина Велес беа организирани два настани за млади со цел одбележување на меѓународниот Ден на младите, 12 август. На 11 август 2023 година, во просториите на Младински центар Велес се одржа панел дискусија на…