И ХАРТИЈАТА ИМА ВРЕДНОСТ – РЕЦИКЛИРАЈ ЗА ЗДРАВА ИДНИНА!

Во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”, денес, учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ – Горно Оризари, Велес со примена на квилинг техника на креативен начин создадоа уметнички дела за украсување на честитки изработени од рециклирана хартија. Квилинг е техника на изработка на слики од хартиени ленти или уметност на…

20 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АНИТА КРИШАН ЛОЗАНОСКА

Денеска се навршуваат 20 години од авионската несреќа во која животот го загуби велешанката Анита Кришан Лозаноска. Таа беше дел од осумчлената делегација што го придружуваше претседателот Борис Трајковски на меѓународна конференција во Мостар. Несреќата се случи  на 26 февруари 2004 година во близина на Ротмиље, Мостар, Босна и Херцеговина и во неа загина претседателот…

ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ НА 11, 13 И 15 ГОДИШНА ВОЗРАСТ

Во Големата сала на Општина Велес денеска се одржа презентација на резултатите добиени од истражувањето спроведено меѓу учениците на возраст од 11, 13 и 15 години. Истражувањето е дел од Студијата за однесувањето поврзано со здравјето кај децата од училишна возраст и се спроведува секоја четврта година во 51 земја од Европа, Северна Америка, Канада…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТИ ТРИФУН

Со квалитетно вино од локални винарии, вкусни специјалитети од домашни производители и добра забава од неколку музички бендови и артисти, денеска во Младински парк се одбележа Свети Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите. Општина Велес годинава за прв пат организира заедничко чествување на празникот на лозјето и виното. Велешани уживаа во празникот со желба да…

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ УЧИЛИШТАТА И КОМПАНИИТЕ ВО ВЕЛЕС

Средните стручни училишта, Гимназијата и компаниите од Велес, во просториите на општината, денеска учествуваа на социјален дијалог за да се утврди потребата од профилиран кадар кој ќе ги задоволи потребите на компаниите. Претставниците на училиштата ги истакнаа своите искуства со дуалните паралелки и соработката со социјалните партнери односно компаниите во кои учениците ја реализираат својата…

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Со изведба на поемата „Сердарот“ на Григор Прличев, од страна на учениците од ООУ „Блаже Конески“, под менторство на наставникот Саше Андреевски, денеска во медијатеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одбележа нејзиниот патрон. Со прекрасната интерпретација на поемата присутните се присетија на еден мал дел од историјата  која го прикажува тешкиот живот на македонскиот…

ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВЕТИ ТРИФУН ВО МЛАДИНСКИ ПАРК

Општина Велес годинава за прв пат ќе организира заедничко чествување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун. Во Младински парк граѓаните ќе имаат можност да уживаат во вкусот на виното на неколку локални винарии но и во вкусната храна од штандовите. За впечатокот да биде комплетен ќе се погрижат повеќе музички бендови и артисти.…

НА ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕ ПРЕТСТАВЕНИ ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ПРОФ. Д-Р ГЕОРГИ ШОПТРАЈАНОВ

Во организација на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев, денеска се одбележа годишнината од раѓањето на нашиот сограѓанин, професор д-р Георги Шоптрајанов. По тој повод, пред присутните почитувачи на ликот и делото на Шоптрајанов, свој настап имаа ученици од основното општинско училиште „Васил Главинов“. Георги Шоптрајанов е македонски филолог, универзитетски професор и културно-просветен деец.…

РЕДОВНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДЕТСКО ПРЕТСТАПНИШТВО

Членовите на Општинскиот Совет за превенција од детско претстапништво денеска одржаа редовна седница. На дневен ред меѓу другите точки, членовите ја разгледаа Програмата на активности за 2024 година и со свои предлози го дополнија Акцискиот план по кој ќе работат. На денешната седница се разгледаа и ризик факторите кои доведуваат до несоодветно однесување на децата…

22 ГОДИШНИОТ ИГОР ЈОРДАНОВ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ВЕЛЕС

На денешниот голем христијански празник Богојавление Водици, дваесет и две годишниот Игор Јорданов од Потокот беше најсреќниот меѓу деведесетината велешани кои скокнаа по светиот крст во водите на реката Вардар. Тој прв пат учествува на овој свет чин и е среќен што токму тој успеал да го фати крстот. „Јас сум Игор Јорданов, од Потокот,…