119 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПЕТРЕ ПРЛИЧКО

Велес денеска одбележува 119 години од раѓањето на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко. Во спомен на ликот и делото на актерот, градоначалникот Марко Колев заедно со актери од театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ положија свежо цвеќе на спомен бистата на Прличко во Младински парк. Петре Прличко е роден на 13  март 1907 година во…

Отворен ден за потрошувачите – „Вашите права, нашата грижа“

Отворен ден за потрошувачите – „Вашите права, нашата грижа“ „Потрошувачите на прво место – Одбележување на Светскиот ден на правата на потрошувачите“   Советот на потрошувачи се грижи за заштита и остварување на правата на потрошувачите во однос на заштитата на здравјето, безбедноста, економските интереси и за нивното редовно информирање во остварувањето на нивните права.…

ГРАДИНКИТЕ И УЧИЛИШТАТА СО КРЕАТИВНИ ИДЕИ ЗА ОСМОМАРТОВСКИ ПОДАРОК

Сé е подготвено за осмомартовскиот базар во Велес. Тезгите се поставени долж тротоарот кај Панини, а од утре ќе бидат полни со уникатните рачни изработки на нашите ракотворци. Подароци за вашите мајки, баби, тетки можете да најдете токму на базарот и да ги израдувате на Меѓународниот ден на жената, 8 Март. Базарот ќе го отворат…

ПОЧИТ ЗА АНИТА КРИШАН ЛОЗАНОСКА

Денеска се одбележуваат 22 години од авионската несреќа во која животот го загуби претседателот  Борис Трајковски, членовите не неговата делегација меѓу кои беше и нашата сограѓанка Анита Кришан Лозаноска  и екипажот на авионот. По тој повод, градоначалникот Марко Колев, советници од Советот на Општина Велес и делегација од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова положија…

ПОСТАВЕНИ „ЛЕЖЕЧКИ ПОЛИЦАЈЦИ“ КАЈ СТАР МОСТ

„Лежечки полицајци“ на улицата кај Стар мост. За поголема безбедност на пешаците во овој дел од градот поставени се нови средства за смирување на сообраќајот. Оваа точка на делницата беше критична поради густиот сообраќај на возила и пешаци и претставуваше ризик по безбедноста на граѓаните. Со измената на законските прописи и поставување на т.н. лежечки…

АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ ПОБЛИСКА ДО ГРАЃАНИТЕ

Под слоганот „Катастар до тебе“ Агенцијата за катастар на недвижности започна кампања која има за цел да им ги доближи услугите на граѓаните, со отворени и транспарентни одговори за сите нивни проблеми.  Службеници на агенцијата ќе одржуваат средби со граѓаните кои се соочуваат со долгогодишни проблеми и прашања со цел да се изнајдат соодветни решенија.…

ЗАШТИТНИКОТ НА ЛОЗАРИТЕ СВЕТИ ТРИФУН ОДБЕЛЕЖАН ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Со закројување на лозовите насади со што симболично се означува почетокот на земјоделските работи, се одбележа големиот христијански празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите и винарите. И годинава, Општина Велес, организираше настани за одбележување на празникот. Граѓаните имаа можност да уживаат со богата програма од песни и ора во Младински парк. За добро расположение  и…

ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО И СМРТТА НА РАЈКО ЖИНЗИФОВ

На 15 февруари се навршуваат 187 години од раѓањето  и 149 години од смртта на македонскиот преродбеник Рајко Жинзифов. Во негова чест, делегација на Општина Велес,претставници на училиштето што го носи неговото име, и други институции, положија цвеќе пред спомен бистата во дворот на општинското основно училиште во Горно Оризари. Рајко Жинзифов е роден на…

ОДБЕЛЕЖАНA ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ со свечен настан го одбележа раѓањето на великанот. Присутните имаа можност да проследат видеозапис за Гоце Делчев, а ученици од ОСУ „Јовче Тесличков“ имаа поетски перформанс на тема „За македонцките работи“. Директорката на библиотеката Снежана Бошевска во својот поздравен говор истакна дека со овој настан се заокружува уште една успешна година…

СТОЈАНЧЕ ИЛЧЕВСКИ ОД ВРНАЛИИТЕ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ

Дваесет и три годишниот Стојанче Илчевски од месноста Врналиите е најсреќниот од деведесет и седуммината велешани кои денеска скокнаа во ладните води на реката Вардар под Мало Мовче за да го фатат светиот животворен крст. Тој досега четири пати скокал по крстот во осветените води на Вардар, но годинава, со поддршка на неговата тајфа, успеал…