Решение за одобрување на барањето за субвенционирање физички лица за купен велосипед за 2022 година

Согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 08/22), а врз основа на Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечни субвенција на физичко лице за…

Соопштение- Градски базен

Се известуваат граѓаните на Велес дека Градскиот базен ќе биде привремено затворен во деновите петок, сабота и недела (19,20 и 21. август 2022 година) поради редовна интервенција за хлорирање на водата. Имајќи во предвид дека за интервенцијата се потребни неколку дена, базенот повторно ќе биде отворен во понеделник, 22 август 2022 година. ЈП „Парк-спорт и…

БАШИНОСЕЛСКАТА ВОДА Е ИСПРАВНА ЗА ПИЕЊЕ, ВОДАТА ВО РЕКА БАБУНА Е ЗАБРАНЕТА ЗА КАПЕЊЕ

Водата од природната чешма во Башино село е исправна за пиење. Последните анализи  на Центарот за јавно здравје во Велес покажуваат дека физичко-хемиските својства на водата се во рамките на дозволените параметри и согласно прописите за безбедност водата е дозволена за употреба. Водата во река Бабуна е бактериолошки неисправна и не е дозволена за капење,…

Извршена е трета аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес

Почитувани граѓани, Ве информираме дека во раните утрински часови, извршена е трета аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, со третирањето е опфатена површина од 2000 хектари. Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, согласно програмата за здравствена заштита за 2022 година. Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита…

ИЗВЕСТУВАЊЕ – АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Почитувани сограѓани,   Општина Велес Ве известува дека услуга за собирање на габаритен отпад од Вашите домаќинства по повик од Ваша страна престанува и нема да се извршува. Оваа услуга им беше пружена на граѓаните заради вонредната состојба предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид-19. Согласно Одлуката за постапување со комуналниот, комерцијалниот и другите видови неопасен…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 05 август (петок) 2022 година во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 06 август (сабота) 2022 година. Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност…