НЕПОЗНАТИ СТОРИТЕЛИ ИСЕКЛЕ 14 САДНИЦИ СО ПИЛА НА УЛИЦА АСНОМ

Непознати сторители, со пила исекле 14 садници во одлична вегетациска состојба на улица „АСНОМ“. Немилиот настан се случил на 29 и 30 март, кога сторителите делото го сториле со намера и при тоа направиле огромна штета, информираше градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. „Сторителот кога го вршел дејствието немал во предвид дека ова е дел…

ОПАСЕН ОТПАД ОД КРЗНАРАТА „ДИМКО МИТРЕВ“ СЕ ИЗВЕЗУВА

Опасен отпад од фабриката за производство на крзно и крзнени производи АД „Димко Митрев“, кој  претходно завршуваше во река Вардар, одсега се извезува. На 26 март годинава, се извезе првата количина од овој отпад од 21,5 тон кој се создава од обезмастување на кожите и истиот содржи растворувач прехлоретилен. За да добие Б-Интегрирана дозвола, Крзнарата…

ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ВЕЛЕС Е АЛАРМАНТНА

Алармантна е Ковид состојбата во Велес и велешко, оцени денеска општинскиот штаб за заштита и спасување на триесет и четвртата седница. Градоначалникот Коцевски и штабот даваат целосна поддршка на мерките што ги донесе Владата по предлог на Комисијата за заразни болести. Препорачуваат граѓаните строго да ги почитуваат и кога ќе им дојде редот без двоумење…

ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС

Во сабота на 03.04 2021 година, со почеток во 11:00 часот Општина Велес организира свечен настан по повод започнување на изградбата на новиот Градски пазар. Настанот ќе се одржи на горната платформа на веќе постоечкиот пазар. На свеченоста по повод отпочнувањето на градежните работи на пазарот, ќе присуствуваат градоначалникот Аце Коцевски, претседателот на Владата на…

Известување

Се известуваат граѓаните на Велес дека утре, 27 март 2021 година, со почеток во 20.30 часот ќе се изгаснат светлата на платото пред Основен суд Велес и на Мало Мовче, по повод одбележувањето на ,,Часот на планетата Земја“. Осветлувањето ќе биде исклучено еден час до 21.30 часот. Со овој симболичен настан, со исклучување на светлата…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани, Општина Велес Ве известува дека од понеделник, 29 март 2021 година, ќе се асфалтира улицата  „Васа Кошулчева“ – кракот под „Тргошпед“. Заради непречено изведување на градежните работи Ве замолуваме да не ги паркирате Вашите автомобили на улицата, бидејќи во текот на работата ќе се користи и градежна механизација од различен вид со која ќе…

ТЕРЕНСКО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ ЛАРВИ ОД КОМАРЦИ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност Општина Велес ја известува јавноста дека од 29 март 2021 година, во зависност од временските услови, ќе…

Одлука за именување на лица кои во Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година ќе бидат ангажирани во својство на Реонски попишувачи во Пописенот реон бр.18 Велес

Одлука за именување на лица кои во Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година ќе бидат ангажирани во својство на Реонски попишувачи во Пописенот реон бр.18 Велес.

Известување за изработка на Нацрт-Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ЛУПД за стопански коплекс, со класа на намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија, производи за градежната индустрија на КП бр.668/1, 668/2, 668/4 и делови од КП бр.667/1, 667/2, 668/3 и 666/1 КО Сујаклари-вон град, Општина Велес

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15,192/15, 39/16, 99/18), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други…

ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЗАПОЧНА СО РАБОТА ВО ДВЕ СМЕНИ ПОРАДИ КОВИД 19

Почитувани, Од утре, 23 март 2021 година (вторник), администрацијата на Општина Велес ќе работи во две смени и тоа: Прва смена од 07:00 до 12:00 часот Втора смена од 12:30 до 17:30 часот Приемот на странки во граѓанскиот сервис центар и архива на Општина Велес ќе се одвива во периодот од 10:30 до 14:00. Поради…