ОДБЕЛЕЖАНА 114 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН

Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистите на Коста Солев Рацин во градот и Спомен костурницата, Општина Велес го одбележа раѓањето на најголемиот поет и револуционер. На 114 годишнината од раѓањето на Кочо Рацин, пред спомен бистата во дворот на Гимназијата што го носи неговото име, свежо цвеќе положија делегации од општинската администрација од…

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО, 5 ДЕКЕМВРИ, ОДБЕЛЕЖАН ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Да се волонтира значи да се делува на добра волја и од хумани побуди. Велес е град на хумани луѓе и волонтери чија вредност е бесценета, тие се присутни и активно делуваат во сите сегменти од општественото живеење и во насока на подобрување на животот на ранливите категории на граѓани во заедницата. Со панел дискусија…

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

Во организација на Советот за јавно здравје на Општина Велес и ОО на Црвен крст денеска во Големата сала на општинската зграда се одржа трибина по повод Светскиот ден на борбата против ХИВ/СИДА, 1 Декември. На едукативната трибина, на која стручни лица одржаа предвање за ХИВ/СИДА, како се пренесува и лекува вирусот, начинот на дијагностицирање…

СТАРТУВАШЕ КАМПАЊАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Организацијата на жени  од Велес денеска ја започна кампањата против семејното насилство која се спроведува на глобално ниво. Во рамките на своите активности што се реализираат со поддршка на  Општина Велес и Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите при Советот на Општина Велес, Организацијата на жени, во присуство на членовите на Комисијата при…

83 ГОДИНИ ОД РАЦИНОВИТЕ МУГРИ

Стиховите на Рацин одекнаа во неговата родна куќа во Велес. Неговите потомци го оживеаја споменот на безвременото  дело на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. На денешен ден се навршуваат 83 години од денот кога во печатницата на Драгутин Шпулер во Самобор за прв пат излегоа од печат Рациновите „Бели мугри“. За неговиот живот…

ОДРЖАН ШАХОВСКИ ТУРНИР ВО РАМКИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 9 НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ВЕЛЕС

Во чест на одбележувањето на празникот на градот, 9 Ноември, во Домот на пензионери се одржа брзопотезен турнир во шах во кој учествуваа пензионери и љубители на шахот од Велес и општините Градско и Чашка. Пензионерите ги покажаа своите вештини во шаховски партии кои не траеа повеќе од 10 минути. Tурнирот во шах се одржа…

ДЕВЕТТОНОЕМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕС

Традиционалната деветтоноемвриска крводарителска акција се одржа во Ликовниот салон во Велес. Крв даруваа околу 150 крводарители, што уште еднаш потврдува дека во градот живеат најхумани граѓани. Четиринаесеттата по ред хуманитарна крводарителска акција се одржа во организација на Општина Велес, Општинската организација на Црвен крст Велес и Мото клуб „Носачи на крстот“. Со крводарителската акција продолжува…

ТУРНИР НА РАКОМЕТНИ ВЕЛИКАНИ 2022 ВО ЧЕСТ НА ДЕНОТ НА ВЕЛЕС, 9 НОЕМВРИ

Во спортската сала „Гемиџии“ денеска се одржа традиционалниот турнир на ракометни великани 2022. На трурнирот учествуваа четири екипи, Борец ветерани Велес, Репрезентација на Македонија Скопје, ветераните од Повардарие Неготино и ракометните ветерани Кастриоти од Урошевац. Ракометарите ветерани си ги одмерија силите на спортскиот терен во три одделни утакмици и покажаа забележителни резултати. Во знак на…

ОДБЕЛЕЖАН 23 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Општина Велес го одбележа 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод делегации на Општина Велес, Советот на Општина Велес, јавни институции, здруженија на граѓани и политички партии денеска положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на велешките Илинденци во центарот на Велес. 23 Октомври е историски ден силно врежан во колективната…

МЛАДИТЕ ГО ЗАПОЗНАА АЛЗАС

Во организација на Општина Велес и Младинскиот центар, на 21 октомври годинава учениците од средните училишта и професорите по француски јазик се сретнаа со претставници на асоцијацијата АЛМА – Алзас. На средбата со Жак Шлеф, претседател на АЛМА и Пјер Жошем, експерт за туризам, младите од Велес имаа можност да се запознаат со историјата, културата,…