ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА 9 НОЕМВРИ, ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ

Со свечена седница во салата „Бели Мугри“ во Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Општина Велес го одбележа 9 Ноември, Денот на градот. Во своето обраќање, по повод 77 годишнината од ослободувањето на Велес, Градоначалникот Колев им го честиташе празникот на сите граѓани. „Со заеднички сили, заедно да се обидеме Велес да го развиваме во модерен и…

ПОКАЗНИ ВЕЖБИ ЗА ЕВАКУАЦИЈА И ГАСЕЊЕ СО ПП АПАРАТИ ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС

По барање на вработените во основните и средните училишта во Велес, Територијалната противпожарна единица одржа низа показни вежби за евакуација во случај на пожар и гасење на пожар со ПП апарат. Во текот на изминатата недела обуки на вработените се одржаа во општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари, во Средното стручно училиште „Коле…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ВО ПОСЕТА НА НАЈМАЛИТЕ ВО ОЈУДГ „ДИМЧЕ МИРЧЕВ“

Градоначалникот Колев заедно со дел од општинската администрација денеска оствари работна посета на ОЈУДГ „Димче Мирчев“. На истата, со директорката на градинката Маја Велиновска, беше разговарано за сите сегашни и идни проекти и активности на кои ќе работи установата, како во делот на воспитно -образовната работа со децата, така и во дел од реализација на…

СЕ КОНСТИТУИРАШЕ НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во Големата сала на Општина Велес денеска се одржа конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Велес. Со првата седница на Советот претседаваше највозрасниот член, Коста Нојков. На денешната седница не се избра претседател  кој ќе го води советот во наредните четири години. Се избраа претседател и членови на Комисија за верификација на…

АТЛЕТСКА ТРКА ПО ПОВОД 9 НОЕМВРИ – ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ

Градоначалникот Колев денеска оствари средба со група на граѓани, атлетичари и иницијатори за одржување на трка со цел да се реализира ноќна трка со која ќе се одбележи празникот на градот, 9-ти Ноември. На атлетската трка се очекува да учествуваат околу 200 учесници од цела Македонија и ќе трчаат на 5 и на 10 километри.…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ВО УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ВО Г. ОРИЗАРИ

Во тек е реконструкција на плоштадот во село Горно Оризари. Градоначалникот Колев денеска изврши увид во градежните зафати што ги изведува Друштвото за градежништво „ИЗГРЕВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Велес“. На терен моментално се врши машинско гребење на постоечкиот асфалт. Во следната фаза од градежните активности ќе се постават улични рабници, нивелирање на капаците на постоечките шахти,…

КЛУЧОТ НА ГРАДОТ ВО РАЦЕТЕ НА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВЕЛЕС МАРКО КОЛЕВ

Во Големата сала на Општина Велес денеска се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста и функцијата Градоначалник, помеѓу досегашниот Градоначалник Аце Коцевски и новоизбраниот Марко Колев. На чинот на примопредавање, досегашниот градоначалник Коцевски му го врачи клучот на градот на новиот градоначалник Колев.  Тој му ја честиташе функцијата и му посака успешна работа. „Тоа…

ОДБЕЛЕЖАН 23 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Општина Велес го одбележа 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Делегации на Општина Велес, на јавните институции, здруженија на граѓани и на политички партии денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на велешките Илинденци во центарот на градот. Поради актуелната состојба со Ковид 19, настанот по повод празникот, беше организиран согласно насоките и мерките за…

ВЕЛЕС ГО ЧЕСТВУВА 11 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

Во вечното почивалиште на борците од Велес и велешко, Спомен Костурницата,Општина Велес го одбележа 11 Октомври, Денот на народното востание и Денот на борецот. Голем број делегации, на Општина Велес, на Советот на Општина Велес, на АРСМ, делегации на јавни институции и установи, претставници на политички партии и здруженија на граѓани, им оддадоа почит на…

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ОПШТИНА ВЕЛЕС И КОМАНДАТА ЗА ОБУКА И ДОКТРИНИ

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска оствари средба со Командантот на Командата за Обука и Доктрини, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ и главниот началник Љупчо Стојков. На средбата беше потврдена поддршката од доменот на цивилно-воената соработка помеѓу Општина Велес и припадниците на велешкиот гарнизон, но се разговараше и за…