Познати добитниците на Почесното Рациново признание за 2020 година

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста дека Организацискиот одбор на „Рациновите средби”, на одржаната седница по електронски пат, односно преку видео линк, донесе Одлука за избор на добитници на Почесното Рациново признание за 2020 година. Годинава наградата се доделува на проф. д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и…

Од петок 22 мај, во Градскиот пазар се отвораат два дополнителни влеза и се дозволува продажба и на непрехранбени производи

Денес, 18 мај 2020 година, градоначалникот на Општина Велес, Коцевски, одржа состанок со работната група сочинета од претставници на установи и институции во врска со работењето на двата пазара во Велес. Новина е дека од петок 22 мај, во Градскиот пазар се отвораат два дополнителни влеза и се дозволува продажба и на непрехранбени производи.  Со…

Добри практики на Општина Велес во областа на антикрупцијата и справувањето со КОВИД-19

Во рамките на проектот „Рефлектор врз антикорупциските практики на локално ниво”, кој го спроведува НВО „Инфо Центар” од Скопје во соработка со Државната комисија за спречување корупција и со поддршка на УСАИД, Општина Велес во прелиминарниот извештај е посочена како пример на општина со добри практики во борбата против корупцијата. „Во наодите, како особено значајна…

Се враќаат белите дробови на езеро „Младост”

„Со задоволство сакам да ја известам јавноста дека околу 100% од засадените садници што минатата година во месец декември беа посадени на опожарениот просотор на езерото Младост, успешно се зафатени” изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Градоначалникот изрази благодарност за дадениот придонес до сите поединци, организации и општествено – одговорни…

Коцевски со апел за зачувување на рекреативниот центар езеро „Младост”

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, упати апел до жителите на Општина Велес за совесно однесување и зачувување на животната средина, но и за поставената урбана опрема на рекреативниот центар Езеро „Младост”. „Велес, во суштина сте вие, граѓанките и граѓаните. Како што помогнавте да созадеме нов живот, нова шума на езеро…

Се поставуваат хидранти на езеро „Младост”

На пет локации на езеро „Младост” се поставуваат хидранти за наводнување на садниците со кои е пошумено опожареното подрачје на езерото „Младост”, но и поради превенција од можни пожари, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Во Еко-кампот од проектот „Паметно езеро Младост”, на пристапниот пат кон истиот (во непосредна близина…

Исфрлен отпад кај реката Тополка

„Големата депонија од габаритен отпад и шут, која е регистрирана на почетокот на реката Тополка ќе биде исчистена по завршувањето на градежните активности на локалитетот „Цуцка”’, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кој појасни дека расчистувањето на дивата депонија е оневозможено поради временото затворање на патниот правец кој води до…

Информација во врска со поставувањето на базен во хотел „Интернационал”

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста во врска со информациите за поставување на базен на терасата на хотелот „Интернационал”. Во текот на денешниот ден, градежен инспектор излегол на  терен и констатирал дека инвестиорот ДПТУ „Бинго Груп” од Велес има донесено пластичен базен, долг околу десет метри, широк четири…

Прес конференција на градоначалникот Коцевски

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, ја информираше јавноста за состојбата во врска со Коронавирусот во Велес и велешко и дополни дека „нема место за паника, сè е ставено под контрола, состојбата не е алармантна и со анкетите се откриени изворите на заразата”. Според информациите од денешната, дванаесетта седница на Општинскиот…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Од Понеделник -18.05.2020 год ќе се изведуваат градежни работи на дел од улица Петре Милевски во должина од околу 350 м за реконструкција на завршниот слој на улицата – се вади постоечката коцка од улицата , планирање и подобрување на подлогата и завршна обработка со бетон. Работите ќе се изведуваат од спој со улица Киро…