ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВЕТИ ТРИФУН ВО МЛАДИНСКИ ПАРК

Општина Велес годинава за прв пат ќе организира заедничко чествување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун. Во Младински парк граѓаните ќе имаат можност да уживаат во вкусот на виното на неколку локални винарии но и во вкусната храна од штандовите. За впечатокот да биде комплетен ќе се погрижат повеќе музички бендови и артисти.…

НА ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕ ПРЕТСТАВЕНИ ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ПРОФ. Д-Р ГЕОРГИ ШОПТРАЈАНОВ

Во организација на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев, денеска се одбележа годишнината од раѓањето на нашиот сограѓанин, професор д-р Георги Шоптрајанов. По тој повод, пред присутните почитувачи на ликот и делото на Шоптрајанов, свој настап имаа ученици од основното општинско училиште „Васил Главинов“. Георги Шоптрајанов е македонски филолог, универзитетски професор и културно-просветен деец.…

РЕДОВНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДЕТСКО ПРЕТСТАПНИШТВО

Членовите на Општинскиот Совет за превенција од детско претстапништво денеска одржаа редовна седница. На дневен ред меѓу другите точки, членовите ја разгледаа Програмата на активности за 2024 година и со свои предлози го дополнија Акцискиот план по кој ќе работат. На денешната седница се разгледаа и ризик факторите кои доведуваат до несоодветно однесување на децата…

22 ГОДИШНИОТ ИГОР ЈОРДАНОВ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ВЕЛЕС

На денешниот голем христијански празник Богојавление Водици, дваесет и две годишниот Игор Јорданов од Потокот беше најсреќниот меѓу деведесетината велешани кои скокнаа по светиот крст во водите на реката Вардар. Тој прв пат учествува на овој свет чин и е среќен што токму тој успеал да го фати крстот. „Јас сум Игор Јорданов, од Потокот,…

УЛОГАТА НА ОПШТИНАТА ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА, ТЕМА НА ДВОДНЕВНА ОБУКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА МЕЃАШИ И КМОП СКОПЈЕ

Општини посветени на децата е темата на дводневната обука што се одржа во хотел Романтик во организација на Прва детска амбасада Меѓаши и Центар за семејно и детско згрижување КМОП Скопје. Обуката се реализираше во две групи во кои учествуваа претставници на општина Велес и претставници на образовните институции во градот како и од детската…

81 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ БЛАГОЈ СТРАЧКОВСКИ

На 14 јануари се навршуваат 81 година од смртта на народниот херој Благој Страчковски. По тој повод, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата на Страчковски во Младински парк. Благој Страчковски е роден на 29 февруари 1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија. По завршувањето на основното училиште веднаш почнал да…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА, ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЛИЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА, ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР И ООУ РЦ МАЦА ОВЧАРОВА

Градоначалникот Марко Колев заедно со членови на Советот на Општина Велес  денеска ги посети децата кои се лекуваат во детското одделение на Општа болница Велес. Им подари новогодишни пакетчиња и им посака безгрижно детство во Новата година. Новогодишни пакетчиња добија и штитениците на Здружението на лица со церебрална парализа, на Дневниот центар и децата во…

НОВОГОДИШЕН ХЕПЕНИНГ- ПРАЗНИЧНА ЕУФОРИЈА

Со милозвучните новогодишни песни во изведба на хористите од хорот Св. Кирил и Методиј, вчера попладне започна четиридневниот новогодишен хепенинг во Младиснки парк во Велес. Во прекрасниот новогодишен амбиент велешани имаа можност да уживаат во неколкучасовната музичка програма што им ја приредија групата  Д’чикс и диџеј Зорбитал. Освен забава посетителите имаа можност да се стоплат…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2023 ГОДИНА

На денешната свеченост по повод Нова Година, Општина Велес ги награди највредните и најуспешните работници за 2023 година. Градоначалникот Колев им посака добро здравје и нови успеси во новата 2024 година. Воедно им ја честита Новата година на сите граѓани на Општина Велес. „Во 2024 година ќе продолжиме со исто темпо на работа и развој…

И ХАРТИЈАТА ИМА ВРЕДНОСТ – РЕЦИКЛИРАЈ ЗА ЗДРАВА ИДНИНА!

Во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”, учениците од ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ од Велес изработија новогодишни честитки од рециклирана хартија. Новогодишните честитки ги поделија на децата во Детското одделение при ЈЗУ Општа болница – Велес и на нашите сограѓани, а сè…