СО ДОНАЦИЈА ОД МИРОВНИОТ КОРПУС ОДБЕЛЕЖАН 12 АВГУСТ, ДЕНОТ НА МЛАДИТЕ

По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, денес во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев”, Општина Велес организираше интерактивна работилница за млади со претставници на Мисијата на Мировниот корпус. Младите велешанки и велешани разговараа за предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе во градот, но и за можностите кои ги нудат невладините организации, фондациите…

ЕУ Амбасадорот Дејвид Гир во посета на Велес

На 10 август годинава, Градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со Н.Е. Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.  На средбата во Општина Велес, Коцевски го запозна амабасадорот Гир со клучните специфики на општината, нејзината историја, култура и актуелни предизвици. Процесот на децентрализација, неопходните реформи на системот на финансирање на општините, перспективите за привлекување на инвестиции и потенцијалите…

XVII ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ВЕЛЕС” 2021

Свеченото отворање на XVII издание на Интернационалниот фолклорен фестивал  „Велес” 2021 е закажано во четврток, 26 август 2021 година на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, со почеток во 20:00 часот. На фестивалот ќе учествуваат фолклорни ансамбли од Врање, Србија и од Ќустендил, Бугарија како и фолклорните друштва и танцови групи од…

НА 3 АВГУСТ ЗАПОЧНУВА 18. ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ“

По две години пауза, од 03  до 17 август,ќе се одржи Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“. Во рамки на фестивалот ќе се изведат седум театарски претстави и придружни културни настани. Годинава правото на реализација на фестивалот Општина Велес и го отстапи на НЦУК театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Фестивалот е финансиски поддржан од министерството…

ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД ЛИКОВНА КОЛОНИЈА НЕГОТИНО ВО ЛИКОВЕН САЛОН ВО ВЕЛЕС

Над триесетина уметнички дела од Ликовната колонија Неготино 2020 се изложени во Ликовниот салон во Велес. Изложбата е дел од културната манифестација „Велешко лето 2021“ во организација на Општина Велес. Ликовната колонија Неготино 2020 е во организација на Музејот на град Неготино. Во ограничени услови поради Ковид 19, на колонијата  учествувале уметници од Неготино и…

ОДБЕЛЕЖАНА 72 ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БОРЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Со положување на свежо цвеќе на спомен обележјето и на бистата на Мирка Гинова, денеска се одбележаа 72 години од загинувањето на борците од Егејска Македонија. На учесниците  во граѓанската војна во Грција почит им оддадоа делегација на Општина Велес, делегација на Општина Градско, Здружениена Македонците од Егејска Македонија „Ѕвезда“ од Велес, Сојуз на борците,…

Бендот „Зима Блу“ настапи на „Велешко лето 2021„

Бендот „Зима Блу“ настапи на „Велешко лето 2021„. Концертот се одржа во саботата на 24 јули на отворено во амфитеатарот на Младински парк. Концерт на класична музика на дуо пијано ќе одржат Светлана Ташева и Илија Настовски на 30 јули, во петок, во салата „Бели мугри“ со почеток во 19 часот. Во сабота на 31…

КОНЦЕРТ НА ДАЦ И АЛЕКСАНДАР НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2021

Со стихови од Кочо Рацин го започнаа својот концерт Драган Спасовски Дац и Александар Митевски вечерва во амфитеатарот во Младински парк. Со изведбата на познати македонски евергрини и нивните авторски песни ја воодушевија многубројната публика, која час и половина пееше со нив. Музичкото дуо Дац и Александар настапи во рамки на културната манифестација ,,Велешко лето…

„THE CHICКS“ СО КОНЦЕРТ НА „ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2021“

„Девојките“ од Велес со своите хитови настапија на „Велешко лето 2021“. Концертот го одржаа во амфитеатарот на Младински парк. Ја воодушевија публиката со својот настап а таа ги награди со силен аплауз. Во бендот членуваат Наталија Мејанџиева, Моника Ѓорѓиева и Сандра Јованова. Во нивното музичко портфолио се вбројуваат настапи на бројни фестивали а со авторска…

ВЕЛЕШКА ПОЕТСКА ВЕЧЕР

Со стихови и хумористични афоризми од секојдневниот живот и вечната инспирација, љубовта, на дванаесеттата по ред „Велешка поетска вечер“, која се одржа во кругот на ООУ „Васил Главинов“, се претставија реномирани писатели, поети и афористичари од Здруженијата на писатели и клубови од Велес, Скопје, Прилеп, Кичево, Кочани, Охрид, Штип и Демир Хисар. Културната манифестација ја…