МИЛОВАН СТЕФАНОВСКИ ДОБИТНИК НА РАЦИНОВОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА 2021 ГОДИНА

На денешната прес конференција, Градоначалникот Коцевски во својство на претседател на Организацискиот одбор на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“ ги соопшти одлуките за доделување на Рациновото и Почесното Рациново признание за 2021 година. Годинава, жири комисијата во состав Христо Петрески (претседател) и членовите Стефан Марковски и Делвина Крлуку, одлучи престижната награда Рациново признание за 2021…

ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА ЕЗЕРЦЕТО ВО ГРАДСКИ ПАРК

Со настапот на најмалите велешанчиња, децата од Детската градинка „Димче Мирчев“ , денеска свечено беше пуштено во употреба новоизграденото езерце во Градскиот парк. На настанот што го организираше Општина Велес присуствуваа Градоначалникот Коцевски, пратеникот Игор Здравковски, членови на Советот на Општина Велес, директори на јавни институции основани од општината, граѓани. Градоначалникот Коцевски изрази голема благодарност…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани, Општина Велес Ве информира дека настанот што ќе се одржи на 4 јуни (петок), по повод пуштање во употреба на новоизграденото езерце и новата зелена површина во Градски парк, од оправдани причини се поместува еден час порано и ќе започне во 10:00 часот. Настанот се одржува во рамки на одбележување на 5 јуни Светскиот…

РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД РОДИТЕЛИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ НА ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“ И ООУ „ПАНКО БРАШНАРОВ“

Новиот Концепт за образование на Министерството за образование и наука, денеска беше презентиран пред родителитe и наставниците на Општинските основни училишта „Васил Главинов“ и„ Панко Брашнаров. На трибината присуствуваа и Градоначалникот Коцевски,пратеникот Ненад Коциќ и претставници на општинската администрација. Директорката на основното училиште објасни дека дека ова е темелна реформа која се прави за подобро,…

СЕ ОДРЖА ПРВАТА ТРКА ОД ЕНДУРО ШАМПИОНАТОТ НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Во организација на Мото клуб Мото Велес денеска се одржа првата трка од Ендуро шампионатот за 2021 година. Четириесетина мотоциклисти од цела држава, во три класи, се натпреваруваа на патеката мотокрос Мото-Велес, на ридовите на Езеро Младост. Натпреварувајќи се до целта,во времетраење од од 3,5 часови, тимовите постигнаа врвни резултати. Сепак првото место во трите…

ВО АКЦИЈАТА ,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ СЕ ИСЧИСТИЈА ОД ОТПАД ШУМСКИОТ ПОЈАС КОН СЕЛО СОПОТ, СТАРИОТ ПАТ КОН СКОПЈЕ И ОСТРОВОТ НА РЕКА ВАРДАР

Над 150 граѓани меѓу кои претставници на Граѓански здруженија, училишта, вработени во општинската администрација, волонтери на Црвен крст, ЈКП ,,Дервен“ и други, денеска се вклучија во акцијата ,,Генералка викенд“. Тие го исчистија од отпад шумскиот појас кон село Сопот и стариот пат кон Скопје и собраа 20 кубни метри отпад. Во акцијата се вклучи и…

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВКЛУЧЕНИ ВО АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Учениците од основните училишта во Велес и околните населени места денеска се вклучија во акцијата за собирање и селектирање на отпад „Генералка викенд“. Учениците и вработените на ООУ  „Св.Кирил и Методиј“ кои реализираат настава со физичко присуство, денеска во задниот двор на училиштето  собраа 20 килограми пластичен отпад и 99 килограми стара хартија. Успешна акција…

ДЕЦАТА ОД ОЈУДГ „ДИМЧЕ МИРЧЕВ„ ВКЛУЧЕНИ ВО АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Најмладите велешанчиња се вклучија во акцијата „Генералка Викенд“ што деновиве се реализира  во Општина Велес. Децата од шестте клона на  градинката „Димче Мирчев“ денеска беа вредни и собраа стара хартија и пластика.

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПОВАРДАРСКА ЕПАРХИЈА, ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН

По повод Велигден, градоначалникот Коцевски оствари средба со претставници на Повардарска епархија, Протаереј-ставрофор Славе Јованов и  Парохискиот свештеник Јованче Илиев, во име на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.  На средбата се разговараше за значењето и одбележувањето на овој голем христијански празник во храмовите во услови на светска пандемија со Ковид 19. Свештениците и градоначалникот Коцевски изразија…

ПРОМОВИРАНИ ПРВИТЕ ЗЕЛЕНИ ДЕТСКИ ГРАДИНИ

Во изминатите осум месеци, Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус”, со партнерите ПОУ „Маца Овчарова” и ОЈУДГ „Димче Мирчев”, работеа на формирање и ставање во употреба на првите зелени детски градини во Велес, но и во државата. Во рамки на проектот, во дворовите на ПОУ „Маца Овчарова” и клонот „Ѕвончица” на ОЈУДГ„ Димче Мирчев”…