Управување со отпад за време на пандемијата со COVID 19 – Упатство до граѓаните

Во овие денови кога сите се обидуваме да придонесеме за заштита на нашето јавно и индивидуално здравје од COVID 19 вирусот, неопходно е да запомниме дека вработените во секторт за јавна хигиена и управување со отпад се меѓу најранливите групи во случаи на пандемија. Причината е што тие всушност доаѓаат во директен контакт со она…

НАМЕНСКА СМЕТКА ЗА ДОНИРАЊЕ ХРАНА ЗА НАПУШТЕНИТЕ ОД РАБОТА ПОРАДИ COVID19

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека сите општествено одговорни компании, правни и физички лица можат да извршат уплата на парични средства кои наменски ќе се искористат за доделување на финансиска помош на семејства, односно поединците кои ја изгубиле својата работа како последица на настанатата ситуација со Covid19 (коронавирус). Средствата ќе се распределуваат преку сметка…

ОПШТИНА ВЕЛЕС АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ СОЗДАВААТ ГУЖВИ ПРЕД ВЛЕЗОВИТЕ НА МАРКЕТИТЕ

Почитувани, Општина Велес упатува апел до граѓаните да не се собираат во поголеми групи пред влезовите на маркетите и да се придржуваат на препорачаното растојание од два метри еден од друг за да се превенира ширењето на Covid19 (коронавирусот).  Со почит,  Општина Велес

Започна дезинфекцијата на возилата на сите влезови во Велес

Со цел заштита и превенција од ширење на Covid19 (коронавирус), Општина Велес во соработка со припадниците на Територијалната противпожарна единица и на МВР – СВР Велес, на влезовите во Велес поставија контролни пунктови каде се врши контрола и дезинфекција на сите моторни возила кои влегуваат и транзитираат низ градот.

ПРЕПОРАКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ВО КАРАНТИН ИЛИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА СО СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ ВО ДОМОТ

Личниот отпад (како хартиени марамчиња, крпи за чистење за еднократна употреба, маски или ракавици) се одлагаат безбедно во вреќи за отпад за еднократна употреба! Вреќите наполнети најмногу до 2/3 од нивниот капацитет, спакувани во втора вреќа и убаво затворени, се безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци од домаќинството. Другиот отпад од домаќинствата се…

ЗАКЛУЧОЦИ ОД СЕДНИЦАТА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗАЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес, на денешната Седница ги донесоа следниве заклучоци: –          Сите задачи и активности од претходните седници на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес се реализирани во целост, освен активноста да се врши дезинфекција на возилата при влезот во градот поради недоволен број…

ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА И СОБИРАЊЕ ВО ГРУПИ

Како дел од мерките за заштита и превенција од ширење на Covid – 19  (коронавирус), Општина Велес ја известува јавноста дека ги затвора сите детски игралишта, оградувајќи ги со заштитна лента спортските терени, патеката околу езеро „Младост” и другите јавни површини во градот со цел редуцирање на движењето на граѓаните. Општина Велес апелира до сите…

ОДРЖАНА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

На четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа денес, во просториите на Општина Велес, а на која присустуваа  членовите на Општинскиот штаб и претставници на ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом, ЈЗУ Центар за јавно здрвје, Општинската организација на Црвен Крст, од стопанската комора на Велес, Министерството за внатрешни…

ПОДЕЛЕНА ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД ВЕЛЕС

Заврши акцијата за доделување на хуманитарна помош во прехрамбени пакети на 54 социјално загрзозени семејства од градот. ОЈУДГ „Димче Мирчев” ја донираше храната за овие пакети, изборот на семејства го изврши Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, а хуманитарната акција која започна минатиот петок и заврши денес ја спроведуваа мобилните тимови на Општинската организација на Црвен…

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

На денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување на која присустуваа  членовите на Општинскиот штаб и претставници на ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом, ЈЗУ Центар за јавно здрвје, Општинската организација на Црвен Крст, од стопанската комора на Велес, Министерството за внатрешни работи, АРСМ, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита…