УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЕКО АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВО ВЕЛЕС
Успешна реализација на најголемата еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 25“ во Велес. Педесетина учесници од Општина Велес, ЈКП Дервен, ЗГ „Акцијаш ветерани“ и Црвен крст ја исчистија Градската депонија за шут на улица „Павел Шатев“ во населба Керамидна и собраа шест метри кубни отпад или два трактори. Освен работната рака на терен активна беше и механизацијата…











