СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 21 ОКТОМВРИ 2020

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја пренесе информацијата од дваесет и шестата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување за епидемиолошката состојба во Велес. „Алармантна е ситуацијата и вирусот е широко распространет”, изјави Градоначалникот пред медиумите. Како проблем тој го посочи фактот што дел од заразените не можат точно…

НАБАВЕНИ ПРОЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХ ЗА ОЈУДГ „ДИМЧЕ МИРЧЕВ”

По донесената Одлука на Советот на Општина Велес и обезбедените финансиски средства од општинскиот буџет во вкупен износ од 700.000,00 денари со пресметан ДДВ беа набавени прочистувачи на воздухот за објектите на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев” во Велес. Ова за јавноста го соопшти градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција. „Средствата…

ИНСТИТУЦИИТЕ РАБОТАТ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ШИРЕЊЕ НА КОВИД-19

Информациите во врска со работењето и преземањето активности на институциите за заштита од Ковид-19, како и заклучоците произлезени од дваесет и петтата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешната прес конференција ги презентираше градоначалникот Коцевски. Соработката на ЈЗУ Општа болница, Велес со лабораторијата при МАНУ е на високо ниво и за релативно…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 8 ОКТОМВРИ 2020

Оценката на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со епидемиолошката состојба во Велес и велешко, како што пренесе градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција од дваесет и петтата седница е дека е од средно висок ризик. Воедно тој апелираше до жителите на Општина Велес, а посебно до младите сограѓани да ги почитуваат пропишаните…

СРЕДБА КОЦЕВСКИ – ТИМОНИЕ, УСПЕШНАТА СОРАБОТКА ЌЕ ПРОДОЛЖИ

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние. Средбата која се одржа во седиштето на француската амбасада во Скопје, ја иницираше амбасадорот Тимоние пред неговото заминување од државава. На средбата, амбасадорот Тимоние упати благодарност до градоначалникот Коцевски за поддршката на проектите и активностите за соработка со француските партнери.…

РАБОТНА СРЕДБА БОЧВАРСКИ – КОЦЕВСКИ

При првата официјална посета на Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на Општина Велес, заедно со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски направија увид на градежните работи на свлечиштето „Цуцка”. Министерот Бочварски ја потценцираше важноста во инвестирањето и реализацијата на капиталните проекти, важни за Општина Велес, но и за другите региони. „Денес сум во…

КОЦЕВСКИ: „НАЦИОНАЛИЗМОТ Е ПОСЛЕДНО ПРИБЕЖИШТЕ НА НЕРАНИМАЈКОВЦИТЕ”

Во рамки на „Зелениот караван” кој го организира „ЦИВИЛ” со поддршка од Фондацијата Хајнрих Бел, денес во просториите на Општина Велес се одржа работилницата „Зелените доаѓаат” посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. „Национализмот е последно прибежиште на неранимајковците”, потенцираше Коцевски. „Да продолжиме со по зацртаниот пат, да ги прифатиме и негуваме европските вредности,…

ВО ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА 2020/2021 ГОДИНА

Новата учебна 2020/2021 година во општинските основни и средни училишта ја започнаа вкупно 3876 ученици, од кои 485 првачиња. Во име на Советот на Општина Велес, на сите жители на Општина Велес и во свое лично име, градоначалникот Коцевски упати честитки за првиот училишен ден на сите ученици им посака среќен почеток на новата учебна…

ПОСТАВЕНИ НОВИ ВЕЛОСИПЕДСКИ СТАНИЦИ ВО ВЕЛЕС

На пет локации во градот денес беа поставени нови велосипедски станици (држачи за велосипеди). Со оглед на зачестената употреба на велосипедот како алтернативно превозно средство, Општина Велес ја препозна потребата од зголемување на капацитетите за паркирање на велосипеди, но и за изградба на велосипедски патеки, со што ќе им излезе во пресрет на велосипедистите. Во…

БЕЗБЕДНО КАПЕЊЕ И PUMP TRACK ПОЛИГОН ВО ВЕЛЕС

За безбедноста на капачите во водите на езерото „Младост” во текот на наредната капачка сезона ќе се грижат членовите на Здружението за безбедност на вода и планина „Македонски спасител” од Велес. Искусните и сертифицирани спасители, со своето национално и меѓународно искуство ќе обезбедат професионална служба за безбедност на вода на езерото „Младост” во летната сезона…