ЧИСТ ПОНЕДЕЛНИК НА МЕГДАН

И годинава традиционално се одбележа Чист понеделник на Мегдан. Со посно гравче, суви чушки,  мезиња и пијалоци, тамошните жители го прославија првиот ден по Прочка. Се собраа голем број на граѓани кои ја почитуваат традицијата и ја пренесуваат на новите генерации. Меѓу нив беше и градоначалникот Марко Колев кој им посака добро здравје и им…

186 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО И 148 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА РАЈКО ЖИНЗИФОВ

На 15 февруари се навршуваат 186 години од раѓањето  и 148 години од смртта на македонскиот преродбеник Рајко Жинзифов. Во негова чест, делегација на Општина Велес и претставници на училиштето што го носи неговото име, и други институции, положија цвеќе пред спомен бистата во дворот на општинското основно училиште во Г. Оризари. Рајко Жинзифов е…

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Со пригодна свечена програма, читање на стихови од страна на учениците од ООУ „Блаже Конески’ , во медијотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“  денеска се одбележа патрониот празник на институцијата. Директорката на библиотеката Снежана Бошевска истакна дека со овој настан се заокружува уште една успешна година во работењето на институцијата со реализација на голем број…

МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ „СТЕФАН ГАЈДОВ“ СО НОВИ ИНСТРУМЕНТИ

Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ обезбеди нови инструменти за своите ученици. По завршувањето на зимскиот распуст, наставниците и учениците од нижото музичко училиште ќе можат да учат и да се надградуваат на новите музички инструменти. Средствата за набавка на инструментите беа обезбедени пред крајот на 2024 година со што уште еднаш се потврди приоритетот…

ВТОР ДЕН ВИНТЕРФЕСТ

Во одлична атмосфера помина и вториот ден од Винтерфест Велес во Младински парк. Мечето Теди повторно другаруваше со најмладите со исцртани лица. За забавата се погрижија ДЏ Бабура Јуниор и бендот Д’Солушн кои направија одлична забава за присутните. Велешани имаа можност да се стоплат со греано вино и да пробаат вкусна храна. Ракотворците беа на…

НАЈДОБРИ СПОРТИСТИ ЗА 2024 ГОДИНА

Во организација на Сојузот на спортови Велес, вчеравечер се одржа традиционалната спортска манифестација на која беа прогласени најуспешните спортисти за 2024 година. Признанија и плакети добија клубови, поединци, тренери, судии, манифестации кои изминатава година постигнаа врвни резултати не само на домашен туку и на меѓународен терен. Титулата најдобар спортист на Велес за 2024 година ја…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2024 ГОДИНА

На денешната Новогодишна свеченост, Општина Велес ги награди најуспешните работници за 2024 година. Од името на градоначалникот Марко Колев, заменик градоначалникот Коста Нојков им посака добро здравје и нови успеси во новата 2025 година. Воедно им ја честита Новата година на сите граѓани на Општина Велес. „Од името на градоначалникот Марко Колев, од името на…

ПОЧНУВА НОВОГОДИШНАТА БАЈКА ВО ВЕЛЕС

Почнува зимската бајка во Младински парк во Велес. Годинава, пет дена, од 25 до 30 декември, велешани ќе имаат можност да уживаат во предновогодишната забава насловена „Винтерфест Велес“. Бројни забавувачи, пеачи, групи, маскоти, со својот репертоар ќе се потрудат да ги развеселат последните денови од годината. На радост на најмладите, Општина Велес се погрижи да…

НОВ УЧИЛИШЕН ИНВЕНТАР ВО ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ И ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Децата од основните училишта „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“ добија нов училишен инвентар. Набавени се 544 училишни клупи, 1056 столчиња и друг дополнителен инвентар со цел да се подобрат условите за одвивање на воспитно-образовниот процес. Вкупната вредност на инвестицијата е околу четири милиони денари. Општина Велес продолжува со инвестиции во образовнието во градот.  

ОПШТИНА ВЕЛЕС ЈА ОДБЕЛЕЖА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ – ЏИНОТ

На 15 декември се навршуваат 203 години од раѓањето на Јордан Хаџи Константинов – Џинот. По тој повод делегации на Општина Велес и на театарот што го носи неговото име, положија свежо цвеќе на гробот во црквата Св. Спас. Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител. Роден е во 1821 година на Прцорек, од…