Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола „МАРГО-БРАН“ ДОО Велес

Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со…

Издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола “КРИСТАЛ 1923” АД Велес

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), Градоначалникот на Општина Велес  издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:   Подносител на барањето: Прехранбена индустрија “КРИСТАЛ 1923”…

Концерт на класична музика КВАРТЕТ ТРОМБОНИ на Македонската филхармонија

18. Ноември 2021 (четврток) 18:00 часот, Голема сала на Општина Велес Проектот е поддржан од Министерство за култура Влез слободен Состав на квартетот: Димче Белчовски – тромбон Бранко Илиевски – тромбон Никола Ристевски – тромбон Александар Ниниќ – туба – Програма: Gershwin – Suite Parker – Danny Boy C. Handy – St. Louise Blues Gale…

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ГРАНТ СО ЕУ ЗА ПРОЕКТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ НА ВЕЛЕС

Градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша договорот за грант со Делегацијата на Европска Унија  за реализација на проектот „Паметни решенија за Велес- продолжуваме“, со кој ќе се уредува централното градско подрачје. Проектот во вкупна вредност од 46.365.699 денари или 751.470 евра е наменет за реконструкција на улицата „8 Септември“ , нови сообраќајни решенија во централното…

СЕ ПОСТАВУВА НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА СО ПРИКЛУЧОК НА УЛИЦА „БЛАГОЈ ЈОСМОВ“

Старата и дотрајана водоводна мрежа на улица „Благој Јосмов“ се заменува со нова. Во тек се активности за поставување  на нова водоводна линија со приклучок до домовите на граѓаните што живеат на улицата. Реконструкцијата на водоводната линија се реализира со финансиски средства од Министерството за транспорт и врски и улицата е една од деветте во…

ПРОДОЛЖУВААТ ОБУКИТЕ ЗА ЕВАКУАЦИЈА И ГАСЕЊЕ НА ПОЖАР ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Продолжуваат обуките на територијалната противпожарна единица за евакуација  и гасење на пожар. Деновиве се одржа показна вежба во ООУ „Панко Брашнаров“ , а во изминатата недела теоретски и практични вежби  се одржаа во основните и средните училишта во градот и населените места. Во вежбите учествуваа вработените и учениците на училиштата. Показни вежби за евакуација во…

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ СО МУФТИЈАТА НЕЈАЗ ЕФ. МУРАТИ

Градоначалникот Колев оствари работна средба со муфтијата Нејаз Еф. Мурати. Муфтијата му ја честиташе новата функција на Градоначалникот и му посака успешна и плодна работа во наредните четири години. На средбата се разговараше за активностите на велешкото муфтиство на Исламската верска заедница, како и за продолжување и интензивирање на соработката помеѓу локалната самоуправа и Исламската…

СТРУЧЕН ТИМ НА СВЕТСКА БАНКА ВО ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „СМАРТ ЕЗЕРО МЛАДОСТ“

Градоначалникот Марко Колев денеска оствари средба со Виталиј Грегоријанин и Блерта Ќерими, надворешни експерти за евалуација ангажирани од Светска банка. На средбата, Градоначалникот Колев изрази задоволство од резулатите на проектот кој веќе привлекува голем број посетители особено за време на викенд, на прошетка покрај езерото Младост. Како што нагласи Градоначалникот Колев особено важна придобивка во…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ОД УТРЕ ПОЧНУВА СО ИСПЛАТА НА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ КОЛЕКТОРИ

Од утре, 16 ноември 2021 година, започнува исплатата на субвенциите за велосипеди и сончеви термални колектори. На осумдесет и седум граѓани кои аплицирале и биле избрани за добивање на субвенции за купени велосипеди ќе им бидат надоместени трошоците во висина од 50 %  од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните  на општина Велес (кои живеат или транзитираат во тој дел од градот) дека од Сабота, 13 ноември 2021 година  ќе се врши асфалтирање на дел од улица „Архиепископ Михаил“ и тоа делот кој започнува под градинката кај основното училиште „Кирил и Методиј“ па се до спој со улицата  „9 Ноември“. Во текот…