ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 24 МАЈ, ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите просветни работници, ученици и на сите граѓани на Велес Ви го честитам 24 мај, Денот на сесловеснките просветители Светите браќа Кирил и Методиј. Писменоста на еден народ е најголемата и најважната придобивка на цивилизацијата. Првиот чекор во описменување на словенските…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници на влашката етничка заедница, Ви го честитам 23 мај, Меѓународниот ден на Власите. Велес е горд на своите етнички заедници, нивните особености, култури, обичаи и традиции. Влашката етничка заедница е составен и нераскинлив дел од нашето современо општествено живеење…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА 24 МАЈ, ДЕНОТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Со пригодна свеченост, Општина Велес го одбележа 24 Мај, Денот на Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Градоначалникот Коцевски во своето пригодно обраќање пред присутните рече дека на Велес,  како град со посебно место и улога во историјата, просветата и културата на македонскиот народ и држава, му прилега достојно да го одбележува 24 Мај.…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЖАРНИКАРИТЕ

Почитувани, Во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници на Територијалната противпожарна единица – Велес, Ви го честитам 20 мај, Светскиот ден на пожарникарите. Да се спротивставите на огнената стихија,храбро и без размислување да се борите со пламените јазици…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ја информира јавноста дека во кругот на поранешна Топилница, денеска се случил пожар, кој од страна на физичко лице, во 10:50 часот  е пријавен во Територијалната противпожарна единица Велес. По интервенцијата на пожарникарите, пожарот е локализиран во 11:35 часот. Опожарена е површина од околу 100 квадратни метри. Веднаш е излезено на лице место…

ГОЛЕМИ УСПЕСИ НА ГОК „БОРЕЦ“ ВЕЛЕС НА ТУРНИР ВО МЛАДИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

Одбојкарите од Градскиот одбојкарски клуб „Борец“ од Велес го освоија првото место во групата на финалниот турнир во младинска конкуренција што се одржа пред две недели во Струмица. Во конкуренција на силни одбојкарски тимови успеале да постигнат солидни резултати и да се најдат на првото место во групата. На овие натпревари велешките одбојкари играле против…

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници од исламска вероисповед, Ви го честитатам големиот празник Рамазан Бајрам. Вие сте нераскинлив дел од нашето општество, нашата традиција и култура. Со векови наназад сме граделе соживот, сме ги негувале различностите, обичаите и толеранцијата, секогаш во добро и зло…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ВКЛУЧЕНА ВО ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Општина Велес е една од 18 општини од три земји што учествуваат во меѓународен проект за заштита на културното наследство. Станува збор за проект што го спроведуваат француските пријатели ма Општина Велес,  Асоцијацијата „Сит е ситé“ со седиште во Бордо, со финансиска поддршка од француското Министерство за надворешни работи. Во проектот се вклучени 6 француски…

ВЕЛЕС ЌЕ ДОБИЕ СТУДИЈА ЗА ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Програмата за развој на Обединетите нации УНДП ја одобри апликацијата на Општина Велес за реализација на проект за подготовка на Студија за јавен градски превоз. За проектот кој е во вредност од околу 40.000 долари, во текот на вчерашниот ден УНДП објави и тендер за изработка на физибилити студија за оптимална мрежа и систем на…

ТЕКОВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Градежната експанзија во Општина Велес е во тек и моментално во градот се реализираат следниве градежни актоивности согласно програмата за уредување на градежно земјиште за 2021 година. Во тек се градежни работи за асфалтирање  на дел од улица „Васа Кошулчева“ во должина од околу 250 метри,  извршен е ископ,  планирање на терен , извршено е…