ЗАПОЧНА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ

По завршувањето на зимскиот распуст, учениците се вратија во училишните клупи. Утрово започна второто полугодие од учебната 2025/2026 година. Учениците од подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“ во Башино Село ја започнаа наставата во целосно реконструирана зграда, со значително подобри услови за одвивање на образовниот процес. Градоначалникот Марко Колев ги посети на првиот час и…

83 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БЛАГОЈ КИРКОВ

Денеска се одбележуваат 83 години од загинувањето на македонскиот борец и учесник во НОБ Благој Кирков. Роден е на 23 март 1923 година во Горно Оризари, Велешко. Уште како гимназијалец Кирков бил организатор на младинското движење во Велешката гимназија, а од септември 1942 година се вклучил во редовите на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“. Од 1938…

ЧЕСТИТ БОЖИЌ!

Општина Велес упатува искрени честитки до сите православни верници по повод Христовото Рождество. Божјата милост да ги облее нашите срца и да ги исполни со мир и спокој во душата, да всади меѓусебна почит и разбирање, сочувство и солидарност. На денот на Христовото раѓање, Општина Велес посакува секој дом да биде исполнет со љубов, радост…

БАДНИКОВА ПОВОРКА НИЗ УЛИЦИТЕ НА ВЕЛЕС ЌЕ ГО НАЈАВИ ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

Стотици дечиња и годинава ќе бидат дел од Бадниковата поворка која ќе го најави Христовото раѓање. Пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“ ќе го исполнат градот со празнична атмосфера и ќе не потсетат на значењето на овој голем христијански празник. Утре, вторник, Бадниковата поворка ќе тргне од црквата „Св. Кирил и Методиј“во 10:45 часот, ќе…

Дедо Мраз дојде кај нас!

Детски џагор и безброј насмевки во преполниот Младински парк го пречекаа Дедо Мраз кој пристигна со својот ирвас и заедно со помошниците поделија околу 2000 пакетчиња. Благодарност до Мото клубот “Носачи на крстот МК” и сите кои се погрижија за радоста кај децата. Забавата продолжува попладне од 17 часот со магионичарско шоу на Диме Пупулиев,…

Ден исполнет со насмевки и празнична магија на Велес Winterfest!

Прекрасните звуци на детскиот хор “Св. Кирил и Методиј” го започнаа вториот ден на Велес Winterfest, љубопитни погледи и насмевки измамија елфовите на Дедо Мраз со своето шоу, а првиот дел од програмата го заокружи новогодишната работилница. За музичкиот дел од денот се погрижија Nonsense, DJ Popeye и Нина Јанева кои ги собраа велешани во…

Најдобрите спортисти ја одбележаа 2025 година!

Во организација на Сојуз на спортови Велес вчеравечер традиционално беа наградени најдобрите од спортот! Признанија и плакети добија клубови, поединци, тренери, судии, манифестации, звучни имиња кои се запишале меѓу најдобрите во Велес, Македонија, но и Европа и светот. А своето име како најдобар спортист на Велес за 2025 година го запиша Ангел Петрушев, кајакар од…

ВЕЛЕС WINTERFEST ЗАПОЧНА!

“Веселите ѕвончиња” заедно со Дедо Мраз ги поделија првите насмевки и весели звуци а најмладите велешани излегоа и уживаа во секоја испеана нота. Програмата продолжува со БС Анабела, омилените маскоти Мики и Мини и DJ Flexify. За целосно доживување во овој студен ден тука се и ракотворците со своите уникатни изработки, како и куќарките со…

ПОЧНУВА НОВОГОДИШНАТА БАЈКА ВО ВЕЛЕС

Под слоганот „Велес – магијата почнува дома!“ од денеска, 26 декември, започнува новогодишната зимска бајка Винтерфест Велес. Во Младински парк е подготвено за највеселите денови во градот, со кои ќе ја испратиме старата и ќе ја дочекаме Новата 2026 година. Во прекрасен новогодишен амбиент граѓаните ќе имаат можност да уживаат во настапите на бројните музички…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА НАЈМАЛИТЕ

Дедо Мраз пристигна во детските градинки. Вчера и денес беа поделени пакетчиња на децата од сите осум клона на Детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес, Караслари и во Градско. Новогодишните пакетчиња се донација на Општина Велес. Патувањето на Дедо Мраз ќе продолжи во недела, 28 декември, во 13:00 часот во Младински парк.