СО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОР СТАРТУВА ИЗГРАДБАТА НА ВОДОВОДНИТЕ ЛИНИИ ВО НАСЕЛБА РЕЧАНИ

Во сабота во Скопје Градоначалникот Коцевски заедно со Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и претставниците на ТАФ ТЕПЕ АФКЕН – Инвестиционo Градежно и Оперативно Акционерско Друштво од  Република Турција со подружница во Скопје, ќе го потпишат договорот за реализација на проектот „Изградба на секундарни водоводни линии за водоснабдување во населба „Речани“. Предвидено е да…

ПРОЕКТОТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ ОДОБРЕН ВО ВТОРА ФАЗА НА ЕВАЛУАЦИЈА

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски информираше дека проектната апликација  наречена „Паметни решенија-продолжуваме“ е одобрена во втората фаза на евалуација. Најдоцна до 12 јули годинава тимови на Општина Велес треба да ја достават финалната техничка документација за проектот кој опфаќа инфраструктурни зафати за реконструкција на улицата 8 Септември, изградба на атмосферска канализација,  изградба на два…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО ПРВИТЕ СЕДУМ ОПШТИНИ ВО ДРЖАВАТА ПО ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Општина Велес  повторно е помеѓу најтранспарентните институции во државата, истакна на денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски. Според резулатите на Индексот на активна транспарентност што го објавува „Центарот за граѓански комуникации“,  од вкупно 97 институции на државно и на локално ниво, Општина Велес е во првите седум заедно со Општина Кочани, во рангот на институциите со многу…

ТЕКОВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Градежни активности кои се изведуваат во моментов согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на територијата на Општина Велес за 2021 година се следниве: Продолжуваат работите на изградба на Градскиот пазар во вредност од 86.000.000 денари од кои 40.000.000 од Владата а 46.000.000 денари се задолживме со кредит кај Светска банка. Отпочнати се градежните работи…

ЈАВЕН  ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ЗА КУПЕН ВЕЛОСИПЕД ЗА 2021 ГОДИНА

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ЗА КУПЕН СОНЧЕВ ТЕРМАЛЕН КОЛЕКТОР ЗА 2021 ГОДИНА

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ЗА КУПЕН ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД ЗА 2021 ГОДИНА

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен Инвертер клима уред (Службен гласник на Општина Велес бр. 04/21, 09/21), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување…

ОБЈАВА бр. 3/2021 (првпат) за давање на деловни и административни простории во закуп во сопственост на Општина Велес со електронско јавно наддавање

ОБЈАВА бр. 3/2021 (првпат) за давање на деловни и административни простории во закуп во сопственост на Општина Велес со електронско јавно наддавање Врз основа на член 2, став 4, алинеја 1 и 2, член 36, од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ОЛИВЕР КИТАНОВСКИ

По повод 20 годишнината од смртта на Оливер Китановски, претставници на Општина Велес  денеска го посетија спомен обележјето на младиот бранител во Башино Село и положија свежо цвеќе. Оливер Китановски беше припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Тој беше ранет во конфликтот кај Арачиново во 2001 година, и по неколку денови им подлегна на…

ИЗБОР НА СПОРТИСТ НА ВЕЛЕС ЗА 2020 ГОДИНА

Во Големата сала на Општина Велес вечерва се одржа шеесет и првото издание на традиционалната манифестација „Избор на најдобар спортист и екипа на Велес за 2020 година“, во организација на Сојузот на спортови, а под покровителство на Советот на Општина Велес и Градоначалникот Аце Коцевски. На манифестацијата беа прогласени најуспешните спортисти и спортски работници во…