Дедо Мраз дојде кај нас!

Детски џагор и безброј насмевки во преполниот Младински парк го пречекаа Дедо Мраз кој пристигна со својот ирвас и заедно со помошниците поделија околу 2000 пакетчиња. Благодарност до Мото клубот “Носачи на крстот МК” и сите кои се погрижија за радоста кај децата. Забавата продолжува попладне од 17 часот со магионичарско шоу на Диме Пупулиев,…

Ден исполнет со насмевки и празнична магија на Велес Winterfest!

Прекрасните звуци на детскиот хор “Св. Кирил и Методиј” го започнаа вториот ден на Велес Winterfest, љубопитни погледи и насмевки измамија елфовите на Дедо Мраз со своето шоу, а првиот дел од програмата го заокружи новогодишната работилница. За музичкиот дел од денот се погрижија Nonsense, DJ Popeye и Нина Јанева кои ги собраа велешани во…

Најдобрите спортисти ја одбележаа 2025 година!

Во организација на Сојуз на спортови Велес вчеравечер традиционално беа наградени најдобрите од спортот! Признанија и плакети добија клубови, поединци, тренери, судии, манифестации, звучни имиња кои се запишале меѓу најдобрите во Велес, Македонија, но и Европа и светот. А своето име како најдобар спортист на Велес за 2025 година го запиша Ангел Петрушев, кајакар од…

ВЕЛЕС WINTERFEST ЗАПОЧНА!

“Веселите ѕвончиња” заедно со Дедо Мраз ги поделија првите насмевки и весели звуци а најмладите велешани излегоа и уживаа во секоја испеана нота. Програмата продолжува со БС Анабела, омилените маскоти Мики и Мини и DJ Flexify. За целосно доживување во овој студен ден тука се и ракотворците со своите уникатни изработки, како и куќарките со…

ПОЧНУВА НОВОГОДИШНАТА БАЈКА ВО ВЕЛЕС

Под слоганот „Велес – магијата почнува дома!“ од денеска, 26 декември, започнува новогодишната зимска бајка Винтерфест Велес. Во Младински парк е подготвено за највеселите денови во градот, со кои ќе ја испратиме старата и ќе ја дочекаме Новата 2026 година. Во прекрасен новогодишен амбиент граѓаните ќе имаат можност да уживаат во настапите на бројните музички…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА НАЈМАЛИТЕ

Дедо Мраз пристигна во детските градинки. Вчера и денес беа поделени пакетчиња на децата од сите осум клона на Детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес, Караслари и во Градско. Новогодишните пакетчиња се донација на Општина Велес. Патувањето на Дедо Мраз ќе продолжи во недела, 28 декември, во 13:00 часот во Младински парк.

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2025 ГОДИНА

На крајот од годината кога се сумираат сите постигнати резултати, Општина Велес традиционално ги наградува најуспешните, најталентираните и најхуманите граѓани. Од името на градоначалникот Марко Колев, заменик градоначалничката Елизабета Митревска Ангелеска им посака добро здравје и уште поголеми успеси во новата 2026 година. Таа ја упати својата новогодишна честитка до сите присутни. „Ви посакувам многу…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека од вторник, 23 декември 2025 година, ќе се изведуваат градежни зафати за санирање на оштетување на дел од улицата „Киро Ќучук“. Поради тоа, на улицата нема да се одвива сообраќај на потегот од спој со улицата „Белградска“ до спој со улица „Петре Милевски“. За време на изведување на…

ОДЛУКА за избор на кандидат за административен службеник по пат на унапредување

1.Со оваа Одлука се врши избор на извршител за работно место: Советник за изготвување на урбанистички планови -УПР 01 01В01 000 во Oдделение за урбанизам, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој, на кандидатот: Леона Брчков Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето и по конечноста…