ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ ДОБИЕ СТУДИЈА ЗА ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Со поддршка на УНДП Општина Велес ќе изработи студија за јавен градски превоз како еден од приоритетите на Планот за одржлива урбана мобилност. Проектната апликација  на Општина Велес во Фондот за техничка документација е одобрена. Фондот за техничка документација за поддршка на општините е воспоставен во рамките на Проектот „Градење на општиниски капацитети за имплементација…

ИЗБРАНА Е ФИРМАТА ШТО ЌЕ ГО ГРАДИ ПОКРИЕНИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР

На денешната прес конференција градоначалникот Коцевски соопшти дека наскоро ќе почне  изградбата на новиот градски пазар. Веќе е избрана фирмата која ќе ги изведува градежните зафати на  горниот дел од пазарот односно фаза 2. Тоа е Изведувачот – „Друштво за градежништво, трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО“ со седиште во Скопје. Вкупниот износ за изградба…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 8 МАРТ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА

Почитувани сограѓанки,   Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Жената е столбот на семејството и општеството. Жената е мајка, сопруга, доктор, земјоделец, научник. Жената е борец за права и правда, родова еднаквост, мир и соживот во светот. Нејзината упорност со…

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС СЕ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ГРАНТ – ЈАПОНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРА РЕНТГЕН АПАРАТ ЗА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

Во официјална посета на Општина Велес денеска беше Н.Е. Хиронори Савада, Амбасадорот на Јапонија во Македонија. Повод за посетата е донацијата на јапонската амбасада во дигитален рентген апарат, наменет за потребите на Општа болница Велес. Градоначалникот Коцевски им посака топло добредојде на амбасадорот и неговата сопруга Г-ѓа Хитоми Савада и срдечно се заблагодари за донацијата.…

ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈ – 30 ГОДИНИ ОД ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ЗА ОБРАБОТКА НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Годинава се навршуваат 30 години од изградбата на Филтерната станица, значаен јубилеј што Јавното комунално претпријатие „Дервен“ свечено го одбележа во кругот на фабриката. На настанот присуствуваа поранешни директори и раководители на претријатието кои целиот свој работен век го посветиле на обезбедување здрава и кавлитетна вода за пиење за граѓанките и граѓаните на Велес и…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ДОДЕЛИ 35 ТАБЛЕТИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД РОМСКА ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА НА ООУ „ПАНКО БРАШНАРОВ“

Општина Велес му предаде 35 таблети на Општинското основно училиште „Панко Брашнаров“ кои се дел од Програмата Ромактед. Таблетите се набавени преку проектот „Реконструкција на тоалетите во соблекувалните на ООУ „Панко Брашнаров“. Учеството на Општина Велес за компјутерската опрема изнесува 33.985,,00 денари. Таблетите се наменети за потребите на учениците од ромска етничка припадност кои учат…

НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ СЕ ОДРЖА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВЕЛО КРОС

На Државното првенство Вело крос што се одржа во неделата на Езеро Младост, во категоријата сениори победи велосипедистот Кирил Марковски, во категоријата јуниори најдобар беше Јован Митев, Немања Пауновски беше најдобар од кадетите, во категоријата мастерс најдобар се покажа Љубиша Кондов, додека од категоријата жени со медал се закити Дуња Иванова. Велосипедската трка се одржа…

ТУРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ВЕЛЕС

Дваесет и пет члена делегација на Турција предводена од Министерот за земјоделство и шумарство во Владата на Република Турција, Беќир Пакдемирли и Почесниот конзул на Турција во Република Северна Македонија, Абдураи Бајрактар денеска беа во посета на Велес. Гостите заедно со Градоначалникот Коцевски ги посетија најзначајните спомен-обележја поврзани со отоманскиот период во Велес. Најпрво делегацијата…

ОПШТИНА ВЕЛЕС, ЛБ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ И ЛУ „НАРОДЕН МУЗЕЈ“- ВЕЛЕС ДОБИЈА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД КУЛТУРАТА

Општина Велес доби 350 илјади денари за организирање и одржување на „Рацинови средби“ во 2021 година од Годишната програма на Министерството за култура за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2021 година. Од другите културни институции кои се под надлежност на Општина Велес, финансиска поддршка за реализација на проекти доби  Локалната библиотека…

СВЕЧЕНО ОТВОРЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ ВО ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ВЕЛЕС

Прехранбено-технолошки центар за развој на иновативни продукти денеска свечено беше отворен во просториите на Технолошко-техничкиот факултет во Велес. Центарот е дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. Тој е опремен со лабораториска опрема на која сите заинтересирани актуелни студенти и…