ОПШТИНА ВЕЛЕС СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ

Општина Велес упатува апел до граѓаните на Велес и околните населени места како и на жителите на општините Чашка и Градско да бидат крајно внимателни при движење во природа и јавните зелени површини. Со оглед на актуелната ситуација, големите пожари кои ги зафатија речиси сите краеви  на државата, се замолуваат граѓаните да покажат високо ниво…

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  „Заедно под исто сонце” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за…

ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2021 – ПРОГРАМА ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ

Содржина на програмата за месец август 2021 година. Сите настани и активности кои се дел од Програмата на „Велешко лето 2021” се реализираат согласно објавените протоколи за организирање на настани. Организаторот го задржува правото за промена и надополнување на Програмата на настани и содржини. Датум Настан Локација Почеток Вторник, 3 август 2021 ИФАД „СТОБИ” Свечено…

ЗАПОЧНА ИФАД „СТОБИ 2021“

По двегодишна пауза, вечерва започна 18. Издание на Инетрнационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ 2021 година. Под отворено небо, од сцената на Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет Стоби, топло добредојде на присутните гости и учесници на фестивалот им посакаа Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и директорот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес.…

ТРЕТО АВИОНСКО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Почитувани, Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна  дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, и Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2021 година, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност: Општина Велес…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 2 АВГУСТ, ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам големиот национален празник 2 август, Денот на Републиката и Илинден. Овој значаен историски датум не потсетува на борбата и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и независна држава. Годинава кога се навршуваат 118 години од Илинденското востание и…

КОНЦЕРТ НА ДАЦ И АЛЕКСАНДАР НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2021

Со стихови од Кочо Рацин го започнаа својот концерт Драган Спасовски Дац и Александар Митевски вечерва во амфитеатарот во Младински парк. Со изведбата на познати македонски евергрини и нивните авторски песни ја воодушевија многубројната публика, која час и половина пееше со нив. Музичкото дуо Дац и Александар настапи во рамки на културната манифестација ,,Велешко лето…

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ОБЈАВА НА ТЕНДЕР ОД УНДП

Почитувани, Општина Велес ги известува сите правни лица со стручна експертиза од  областа на сообраќајот дека Програмата за развој на Обединетите нации УНДП објави тендер за изработка на Физибилити студија за мрежа за јавен градски превоз и систем на јавен градски превоз во Велес. Тендерот е објавен во рамките на проектот на УНДП „Градење на…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ

Почитувани сограѓанки и сограѓани од исламска вероисповед Во името на Советот на Општина Велес, од името на сите жители на Општина Велес и од мое лично име, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Овој празник е еден од најголемите празници во исламската религија, симбол на духовноста и најголемите човечки вредности во историјата, хуманоста, сочувството,…

„THE CHICКS“ СО КОНЦЕРТ НА „ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2021“

„Девојките“ од Велес со своите хитови настапија на „Велешко лето 2021“. Концертот го одржаа во амфитеатарот на Младински парк. Ја воодушевија публиката со својот настап а таа ги награди со силен аплауз. Во бендот членуваат Наталија Мејанџиева, Моника Ѓорѓиева и Сандра Јованова. Во нивното музичко портфолио се вбројуваат настапи на бројни фестивали а со авторска…