СТАРТУВА ПРОЕКТОТ НОВ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски го најави почетокот на еден од најзначајните капитални проекти за Велес и велешани, изградбата на новиот градски пазар. „Покрај средствата што ги обезбедивме од Владата во висина од 40 милиони денари, преку програмата за подобрување на Општинските услуги со заем  од Светска Банка обезбедивме и дополнителни 46.003120 денари“,…

Став на Градоначалникот за говорот на омраза на социјалните мрежи

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски изрази разочараност затоа што како што рече „Во Велес-градот кој некогаш беше пример дома, во Европа и светот за еснаф и благородна комуникација, за жал интелектуаланата комуникација е заменета со најнизок вид на навреди, погрдни зборови и едноставно комуникација која не доликува на било кој граѓанин на Велес“.…

БОЈКОТ НА МАТУРАНТИТЕ ВО СРЕДНИТЕ ОПШТИНСКИ УЧИЛИШТА

Неколку дена по ред матурантите од сите четири средни училишта ја бојкотираат наставата односно не се вклучуваат на онлајн часовите и не доаѓаат на училиште за практична настава. Учениците бараат да се укине државната матура. „Од страна на училиштата превземени се сите мерки односно одржани се вонредни родителски средби, совет на родители, разговори со преседател…

ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ВЕЛЕС ПОЛЕКА СЕ СТАБИЛИЗИРА

Состојбата со Ковид 19 во градот полека се стабилизира иако се уште бројот на заболени е голем. Се очекува да има варијации на бројката на заболени поради престојните верски празници и Нова година и зголемување на бројот во првата половина од месец јануари. Ваква оценка беше донесена на триесет и првата седница на Општинскиот штаб…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ОБЕЗБЕДИ 260 ТАБЛЕТИ ЗА ДЕЦА ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Како поддршка за учениците во услови на Ковид 19, Општина Велес обезбеди 260 таблети кои ќе бидат распределени помеѓу учениците од семејствата кои се во тешка социјална ситуација и не се во можност да ги набават. „Верувам дека на ваков начин ќе им ја олесниме маката на 260 велешки семејства и ќе го направиме токму…

С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета По Предлог  ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 43, УРБАНА ЕДИНИЦА VII, ОПШТИНА ВЕЛЕС

Граници на опфатот се : На запад – ја сече КП 7602 по осовина, со намена јавни патишта. На север- по осовина на улица „Васил Главинов“ На исток пресек на улица „Белградска“ и улица „Васил Главинов“ На југ – по осовина на улица „Белградска“. Опфатот е со површина од 0,46 ха. Јавната анкета и Јавната…

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

За планскиот документ Изработка на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок 43, Урбана Единица VII, Општина Велес, за плански период 2019-2024, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.199/14, 44/15, 44/15 и 193/15), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина…

СО ДВЕ НОВИ ВОЗИЛА ЌЕ СЕ СОБИРА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ОД НАСЕЛБАТА СО РОМСКО НАСЕЛЕНИЕ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Здружението за хумано домување „Хабитат“ Македонија денеска и предаде на Општина Велес две возила за собирање на цврст комунален отпад, чиј краен корисник ќе биде ЈКП Дервен. Возилата се набавени од проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ што „Хабитат“ Македонија го реализира во соработка со Општините Велес и Шуто Оризари. Тие ќе бидат наменети…

ПРЕЗЕНТИРАНИ СОДРЖИНИТЕ НА МОНУМЕНТАЛ МК

Општина Велес е единствената општина во државата која е вклучена во проектот Монументал мк – Тура за споменици и бруталистичка архитектура во Северна Македонија. На денешниот завршен настан на проектот што се одржа во големата сала во Општина Велес беа презентирани содржините на проектот како и сувенирите изработени во рамките на проектот. Спомен костурницата во…

12 000 ДРВЦА ЌЕ СЕ ЗАСАДАТ НА ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ

Дванаесет илјади дрвца ќе бидат засадени утре на втората есенска акција за пошумување на опожарениот појас крај езеро Младост.  До веќе израснатите, ќе се засадат нови стебленца багрем кои дополнително ќе го збогатат шумскиот фонд кој беше опустошен во големиот шумски пожар. Војници, пожарникари, ученици, службеници, акцијаши и други вљубеници во природата и здравата животна…