ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА-РЕВИТАЛИЗАЦИЈА, ОПЕРИРАЊЕ, УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ОФИЦЕРСКИ ДОМ ВО ВЕЛЕС
Тендерската документација може да се преземе на следниот линк
Тендерската документација може да се преземе на следниот линк
Од утре 09.01.2020 година, започнува реконструкција на водоводна линија на улица „8-ми Март“, поради што за време на изведување на активностите ќе се применува времен режим на сообраќај. Aпелираме за внимателно возење и движење на пешаците во зоната на изведување на градежните работи како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Почитувани сограѓанки и сограѓани, православни верници, Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам Божиќ – денот на Христовото раѓање. Посакувам празничните денови да ги минете во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу луѓето. Во сечиј дом да донесат светлина и надеж за подобро утре.…
Општина Велес, изготви Нацрт Б-Интегрирана еколошка дозвола за ДПТУ “Хемија Комерц” ДООЕЛ увоз – извоз, Подружница-производство со седиште на ул. “Ѓорѓи Шоптрајанов” бр.29, Велес. Во согласност со член 107 став 13, а во врска со член 122 став 4 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11,…
Утринава на 2 јануари 2020 година, во 09:08 часот, Марија Иванова ја донесе на свет, Изабела – првото новороденче во Велес во 2020 година. Бебето е тешко 3420 грама, а долго 52 см. Ова е втора рожба на Марија. Традиционално, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски го посети првороденото дете во Велес и неговите родители…
На првиот ден од Новата година, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски рано утринава ги посети дежурните служби во градот, кои се одговорни за безбедноста на велешани и кои се на своите работни места за време на новогодишната ноќ. Коцевски ги посети Полициската станица, Итната медицинска помош и Територијалната противпожарна единица во Велес. Честитајќи им…
Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес, Ви ја честитам Новата 2020 година и Ви посакувам успех во работата и благодет во семејството. Со почит,Аце Коцевски,Градоначалник на Општина Велес
Семејството Димитриевски денес го посети градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кој на Ристе и Владе, лица со церебрална парализа им подари новогодишни пакетчиња и поклони, при што им ги честиташе новогодишните и божиќни празници. Кон посетата се приклучија и членовите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес, кои заедно со веселиот Дедо…
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес беше во предновогодишна посета на дечињата кои се на лекување во ЈЗУ Општа болница – Велес. На децата кои се згрижени на детското одделение им подари новогодишни пакетчиња и им ги честиташе новогодишните и божиќните празници. Раководителите и вработените во ЈЗУ Општа болница – Велес, го запознаа градоначалникот…
Општина Велес денес организираше новогодишно дружење за околу 120 деца и лица со попречености од Дневниот центар во Велес, учениците од Посебното Основно Училиште „Маца Овчарова”, членовите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес, како и за деца без родители и родителска грижа. Во просториите на Општина Велес тие имаа можност да ја…