ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради реконструкција на партерното уредување на улица „Андон Шурков“ и реконструкција на паркингот,  се информираат граѓаните кои живеат на тој дел од градот, да ги тргнат паркираните возила од паркингот на друга локација, со цел да се создадат услови за непречено отпочнување на градежните работи.

УВИД НА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ФИНАНСИРАНИ ОД ЈПДП

Градоначалникот Марко Колев заедно со директорот на ЈПДП Коце Трајановски, претседателот на Советот на Општина Велес и пратениците денеска извршија увид во градежните активности што се одвиваат на територијата на Општина Велес а се финансирани од јавното претпријатие за државни патишта, во изведба на Македонија пат. Вкупните инвестиции моментално изнесуваат 44 милиони денари. На средбата…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ЗА ПИТИЈАДА

Поради одржување на манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2024“ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, во периодот од 10:00 часот на ден 10.10.2023 година па се до 12:30 часот на ден 14.10.2024 година, сообраќајот времено се преуредува и тоа: Улицата „Благој Ѓорев“ на потегот од Трговски до црквата „Св. Кирил и Методиј“…

ЛОКАЛНИ ПАНЕЛИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ: ОПШТИНИ ПОСВЕТЕНИ НА ДЕЦАТА“

Консулстативна средба се одржа денеска во Европска куѓа во Велес. На средбата учествуваа триесетина деца од основните и средните училита во градот. Целта е да се унапредат правата на децата и да се зголеми нивното учество во локалното планирање. На консултативната средба се разви енергична дискусија во која децата ги изнесоа своите размислувања, идеи и…

ПРОДОЛЖУВА УРЕДУВАЊЕТО НА КОМПЛЕКС УЗУС

Уредувањето на комплекс УЗУС е во тек, моментално се уредува просторот околу партер зградите во комплексот. Граѓаните на овој дел од градот ќе добијат ново, модерно и функционално катче опремено со урбана опрема, детски реквизити, зелени озаи за одмор и рекреација за сите посетители. Проектот се реализира со финансиски средтсва од буџетот на Општина Велес…

Рецитаторски Натпревар – 57. Детски Рацинови Средби

Организацискиот одбор на 57. Детски Рацинови средби распишува рецитаторски натпревар за сите ученици од I до IV година од средните училишта. Натпреварот ќе се одвива во три последователни круга. Во првиот круг натпреварувачите потребно е да испратат снимка од песната „Утрото над нас“ на следната е-адреса: 57detskiracinovi@gmail.com со назнака, „за рецитаторски натпревар“, најдоцна до 31.10.2024…

Поетски конкурс – 57. Детски рацинови средби

Организацискиот одбор на 57.Детски Рацинови средби распишува меѓународен поетски конкурс на тема: „Мене и душата ми е црвена“ – Рацин Право на учество имаат ученици од VI до IX одделение од oсновните училишта и ученици од I до IV година од средните училишта. Творбите се класифицирани во две категории: категорија основно образование и категорија средно…

СО МЛАДИНСКА РАБОТИЛНИЦА ЗАВРШИ ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ ВО ВЕЛЕС

Европската недела на мобилност во Велес заврши со едукативна младинска работилница во просториите на Европска куќа. Десетина средношколци учествуваа на младинската работилница која се состоеше од презентација на видео за позитивни примери на урбана мобилност и алтернативни превозни средства. Учениците споделија свои искуства при посета на други држави во кои јавниот превоз и алтернативните транспортни…

КОШАРКАРСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“ СО НОВ ЛИК

Кошаркарското игралиште во ООУ „Васил Главинов“ го добива својот нов лик. Игралиштето е второ од трите предвидени спортски терени во дворот на училиштето. На теренот е поставена најсовремена подлога според стандардите на FIBA како и оградата. Во наредните денови ќе бидат поставени и кошовите со што ова игралиште ќе биде кмплетно и подготвено за учениците…