СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ја информира јавноста дека во кругот на поранешна Топилница, денеска се случил пожар, кој од страна на физичко лице, во 10:50 часот  е пријавен во Територијалната противпожарна единица Велес. По интервенцијата на пожарникарите, пожарот е локализиран во 11:35 часот. Опожарена е површина од околу 100 квадратни метри. Веднаш е излезено на лице место…

ГОЛЕМИ УСПЕСИ НА ГОК „БОРЕЦ“ ВЕЛЕС НА ТУРНИР ВО МЛАДИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

Одбојкарите од Градскиот одбојкарски клуб „Борец“ од Велес го освоија првото место во групата на финалниот турнир во младинска конкуренција што се одржа пред две недели во Струмица. Во конкуренција на силни одбојкарски тимови успеале да постигнат солидни резултати и да се најдат на првото место во групата. На овие натпревари велешките одбојкари играле против…

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници од исламска вероисповед, Ви го честитатам големиот празник Рамазан Бајрам. Вие сте нераскинлив дел од нашето општество, нашата традиција и култура. Со векови наназад сме граделе соживот, сме ги негувале различностите, обичаите и толеранцијата, секогаш во добро и зло…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ВКЛУЧЕНА ВО ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Општина Велес е една од 18 општини од три земји што учествуваат во меѓународен проект за заштита на културното наследство. Станува збор за проект што го спроведуваат француските пријатели ма Општина Велес,  Асоцијацијата „Сит е ситé“ со седиште во Бордо, со финансиска поддршка од француското Министерство за надворешни работи. Во проектот се вклучени 6 француски…

ВЕЛЕС ЌЕ ДОБИЕ СТУДИЈА ЗА ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Програмата за развој на Обединетите нации УНДП ја одобри апликацијата на Општина Велес за реализација на проект за подготовка на Студија за јавен градски превоз. За проектот кој е во вредност од околу 40.000 долари, во текот на вчерашниот ден УНДП објави и тендер за изработка на физибилити студија за оптимална мрежа и систем на…

ТЕКОВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Градежната експанзија во Општина Велес е во тек и моментално во градот се реализираат следниве градежни актоивности согласно програмата за уредување на градежно земјиште за 2021 година. Во тек се градежни работи за асфалтирање  на дел од улица „Васа Кошулчева“ во должина од околу 250 метри,  извршен е ископ,  планирање на терен , извршено е…

ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ТЕХНОГЕНА МИНЕРАЛНА СУРОВИНА НА ЛОКАЛИТЕТ „БАШ КОЛИБИ“, ОПШТИНА ВЕЛЕС

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски информираше дека концесионерот на топилничарската згура КЕПС МОНТ ГРУП ДОО Скопје обезбеди Б-Интегрирана еколошка дозвола. Важноста на дозволата истекува на 02 октомври 2023 година. „Досега од локацијата на локалитетот „Баш Колиби“ е извршен ископ, сеење, товарање и транспорт на 2.500 тони техногена минерална суровина што е многу малку во…

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ПРИЈАВИ ОД ГРАЃАНИ КАСНАТИ ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ

Општина Велес се соочува со сериозен проблем во врска со бездомните кучиња и граѓаните кои се каснати од нив, истакна на денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски. На адреса на општината секојдневно пристигнуваат тужби од граѓани кои се каснати од кучиња. Овие тужби се поткрепени со медицинска документација и пријава на настанот во Секторот за внатрешни…

УСПЕШНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ГОДИНАВА

Според податоците од првиот квартален извештај за 2021 година Општина Велес реализираше приходи во износ од 193.160.003 денари што во споредба со реализираните приходи од 2017 година  кои изнесуваа 150.584.766 денари се за 42,6 милиони денари повеќе. Зголемување има и во реализираните расходи кои во првиот квартал од 2021 година изнесуваат 174.894.945 денари и се…

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ОТВОРА ПУНКТ ЗА МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски најави дека во Велес ќе се отвора пункт за масовна вакцинација против Ковид-19.  Пунктот ќе биде сместен во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“. Имунизацијата на граѓаните ќе започне на 25  овој месец. Во вакциналниот пункт ќе имаат можност да се вакцинираат граѓаните на Велес но и на општините…