МОТО СОБИР ПОВТОРНО ВО ВЕЛЕС

По пауза од неколку години, мотоциклистите се враќаат на брегот на велешкото езеро Младост да го возобноват некогаш традиционалниот Мото собир. На 13 мај годинава, велешани повторно ќе бидат домаќини на мото собирот на кој ќе учествуваат голем број мотоциклисти од земјава и од странство. Манифестацијата  „Мото бич  парти“ ќе се реализира во организација на…

ВЕТУВАЊАТА КОН ГРАЃАНИТЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ!

Изминативе денови интензивно се работи на реконструкција на објектот на поранешната народна кујна, кој е предвиден за Иновациски Хаб за млади таленти од ИТ секторот. Овој Хаб ќе биде уште едно одлично место за развој на нивните вештини . Дополнително, во село Оризари е завршена и втората линија од фекалната канализациона мрежа која ја работевме…

СЕ ИЗРАБОТУВА НОВАТА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ 2023 – 2027

Денеска во Велес се одржа работна средба за консултации со младите од Велес, со претставници на ученичките и средношколски заедници, со претставници на младински здруженија, подмладоци на политички партии, претставници на Младинскиот центар од Велес, на Локалниот младински совет и други групи млади, кои дискутираа и ја разгледуваа првата драфт верзија на новата Национална стратегија…

РАЗВОЈОТ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ Е НЕОПХОДЕН ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА!

Во тек се градежни активности за уредување на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во с.Мамутчево, во должина од 750 метри. Овој проект е во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, а средствата се обезбедени преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со инвестирањето во руралните средини придонесуваме за рамномерен развој на…

НОВИ ЗЕЛЕНИ САДНИЦИ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Општина Велес продолжува со хортикултурно уредување на јавните површини во градот. На косината спроти Центарот за вработување, на левата страна на градот, вработени во ЈКП Дервен денеска засадија нови зелени садници. Во текот на наредниот период овој простор ќе биде дополнително оплеменет со нови зелени и цветни садници. Општина Велес продолжува посветено да работи на…

УЛИЦАТА “ЖИВКО ФИРФОВ” ДОБИВА НОВ ЛИК!

Во тек е поставување на ивичници и целосна реконструкција на тротоарот на улица “Живко Фирфов” со бехатон плочки. Овие зафати се во склоп на започнатите градежни активности за реконструкција и асфалтирање на оваа улица. Поубав Велес станува реалност!

НАСКОРО ЕВРОПСКА КУЌА ЗА МЛАДИ ВО ВЕЛЕС

Во посета на Општина Велес денеска беше евроамбасадорот Н.Е. Дејвид Гир. Заедно со градоначалникот Марко Колев потпишаа Меморандум за разбирање за Европската куќа во Велес. „На мое огромно задоволство денеска заедно со Н.Е. Дејвид Гир, амбасадорот на ЕУ во Македонија, потпишавме Меморандум за разбирање за Европска куќа во Велес со што уште еднаш ја потврдивме…

79 ГОДИНИ ОД ФЕВРУАРСКИОТ ПОХОД

Годинава се навршуваат 79 години од славниот Февруарски поход од Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија. 21 февруари, светол датум од историјата кој не згаснува и трајно го чува споменот за човечкиот непокор. На овој ден се потсетуваме на херојските подвизи на борците, нивната издржливост и нивната верба за посветла иднина. Февруарскиот поход игра важна…

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПАТОТ КОН ЕЗЕРО МЛАДОСТ!

Денес започна асфалтирањето на првите 1200 метри од оваа делница и ќе трае до среда, поради што патот е затворен за сообраќај. Продолжуваат и градежните зафати за реконструкција уште на еден километар во продолжение, а ќе продолжи се до предвиденото над Ресторан “Бела вода”. Благодарност до ЈПДП за одличната соработка во реализација на проектите во…

ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ СЕ ВРАТИЈА ОД ТУРЦИЈА

Петмината велешки пожарникари Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров се вратија од Турција каде учествуваа во спасувачка мисија за пронаоѓање и извлекување на луѓе под урнатините од катастрофалниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Турција минатата недела. Тие доцна синоќа се вратија во Велес и денеска остварија средба со…