ДНЕВЕН РЕД НА КОМИСИИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 21 СЕДНИЦА

Почитувани, Ве известуваме дека одржувањето на седниците на Комисиите при Советот на Општина Велес за 21та седница ќе се одржат во живо на официјалниот јутуб канал на Општина Велес. Во прилог покани со дневен ред за секоја комисија во која е наведен денот и часот на одржување. Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој…

ДНЕВЕН РЕД ЗА 21 СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес” бр.12/06, 03/09, 18/10, 15/14, 15/18, 06/19 и 08/21), донесувам   Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 21- та…

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2022

Последниот ден, 22 септември, меѓународниот Ден без автомобили, оваа година беше одбележан во соработка со амбасади од повеќе држави, меѓународни организации и Здруженија на граѓани од Велес каде на затворената улица “Никола Карев”велешани од сите возрасни генерации имаа можност да спортуваат, да возат велосипеди, електрични мопеди, да играат друштвени игри и да се рекреираат споделувајќи…

ПРЕДАДЕНИ ДОНАЦИИТЕ ВО СПОРТСКИ РЕКВИЗИТИ И ВЕЛОСИПЕДИ ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2022

Со донации во велосипеди, топки, спортски реквизити, маички и житарки, овозможени од општествено одговорни компании, денес продолжија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2022. Подигнувањето на свеста кај децата од најрана возраст дека возењето велосипед и спортувањето влијаат позитивно на нивното здравје и на заштита на животната околина се две одлични причини да…

ИЗВИДНИЧКА ТУРА ОД ВЕЛЕС ДО ВРШНИК

Општина Велес во соработка со ИО „Димитар Влахов”, Велес денес организираше пешачка рекреативна тура до врвот Вршник во близината на Велес. Извидниците и рекреативци пешачеа  од центарот на градот до врвот Вршник и назад, во вкупна должина од 5 км, со што дадоа акцент на здравиот живот. Истовремено беа поставени и информативни табли со еколошки…

ПРЕКУ ИГРА И ЗАБАВА ДО МОБИЛНОСТ

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2022, денес во Младинскиот центар во Велес се одржа едукативна работилница – интерактивен квиз на тема „Нивниот збор наша мотивација“. Преку промовирање на велосипедот како алтернативно превозно средство, а со тоа и мотивирање на младите за водење на здрав начин на живот и заштита на животната…

ЈАВЕН ПОВИК бр. 3/2022 за вршење на услуга – одбележување на спортски терен во Спортска сала „Гемиџии“ Велес

Јавното претпријатие „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес, објавува јавен повик за вршење на одбелжување на спортски терен во Спортска сала „Гемиџии“ Велес. Јавно објавениот оглас ќе трае до 20.09.2022 година во кои пондувачите треба ја да поднесат следната документација: Понуда со бруто цена за одбележување на спортски терен до ЈП, документ за вршење на…

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2022 ВО ВЕЛЕС

И оваа година во периодот од 16 до 22 септември 2022 година, тим од Општина Велес организира седумдневни активности со кои ќе биде одбележана Европската недела на мобилност 2022. Во соработка со Здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании, Општина Велес ќе реализира по една активност секој ден, со што ќе биде…