СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС СО НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Советникот Даниел Јаневски е новиот претседател на Советот на Општина Велес. Ваква одлука донесе Советот на денешната седница откако од функцијата претседател се повлече Зоран Љутков. Градоначалникот Марко Колев се заблагодари за досегашната соработка со Љутков и му посака успех во неговиот следен предизвик. На новиот претседател на советот му посака успех во работењето и…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛИЦА „ЛУЈ ПАСТЕР“

Започна реконструкцијата на водоводната линија на улица „Луј Пастер“  во населба Керамидна. Со овие зафати ќе се реши голем проблем со водоснабдувањето на жителите од овој дел на градот и ќе се обезбеди водоснабдување во новата социјална зграда. По завршувањето на реконструкцијата на водоводот, ќе отпочне целосна реконструкција на улицата. Проектот се реализира во соработка…

XXIV ВАРДАРСКА РЕГАТА ЌЕ ПЛОВИ ДО СОЛУН

Дваесет и четвртата Вардарска регата ќе плови до Солун. Во четврток, на 20 јуни, со почеток во 08:30 часот, од Мало Мовче ќе заплови регатата во чест на солунските атентатори. Учесниците на регатата ќе бидат предводени од Извидничкиот одред „Димитар Влахов“, кои пред да го започнат своето патешествие по водите на Вардар ќе положат свежо…

УЧУТМИ ЛЕТНАА ВО ВЕЛЕС

Педесетина ученици од основните училишта во Велес утрово летаа учутми на платото пред Спомен костурницата. Иницијативата „Време на летала“ потекна од советничката група Левица при Советот на Општина Велес, кој со финансиски средства во висина од 30 илјади денари го поддржа изработувањето на учутмите. Учениците со поддршка на своите наставници изработија вкупно 75 учутми, сите…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА КОЧО РАЦИН НА ЛОПУШНИК

Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на местото на погибјето на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. На Лопушник денеска се одбележа 81 годишнината од смртта на творецот на „Бели мугри“. Пред споменикот подигнат во чест на поетот се поклонија и ултрамаратонците кои успешно го завршија…

ВЕЛЕС ДОМАЌИН НА СВЕТСКИ КУП ВО КАЈАК СПУСТ

Повеќе од 230 учесници од 17 земји во светот викендов ќе се натпреваруваат во двете кола од Светскиот куп во кајак спуст. На 15 и 16 јуни граѓаните ќе имаат можност да проследат професионални спустови на докажани имиња и повеќекратни освојувачи на светски и европски титули. Организатор на овој спектакуларен спортски настан е Кајак Кану…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ И „СТРАШО ПИНЏУР“

Се реконструираат улиците „Гоце Делчев и „Страшо Пинџур“. Во тек е гребење на постоечкиот асфалт. По завршувањето на подготвителните активности, реконструкцијата на овие две улици ќе заврши со асфалтирање, со што улиците во центарот на градот ќе бидат целосно опфатени и реконструирани.