ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НОВА ГОДИНА 2021

Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви ја честитам Новата 2021 година. Посакувам да бидете живи и здрави, да бидете вредни, хумани и достоинствени, да чекорите по патот на своите соништа, да ширите љубов и позитивна енергија. Нека Ви е среќна и благодетна Новата Година.…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2020 ГОДИНА

Највредните и најуспешните поединци и годинава беа наградени. На свечена манифестација, со почитување на сите мерки за заштита, Општина Велес ги награди најталентираните ученици и студенти, највредните и најуспешните поединци за 2020 година. Како и во изминатите години и годинава, наградувањето започна со најмладите екологисти. Како најуспешни беа прогласени најмладите од ООУ „Рајко Жинзифов“ од…

ДОДЕЛЕНИ ТАБЛЕТИТЕ НА ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС

Градоначалникот Коцевски  им ги предаде таблетите на основните и средните училишта во Велес кои ќе бидат наменети за учениците од семејства кои се во тешка социјална состојба. Денеска беа доделени вкупно 210 таблети од кои 132 на основните  и 78 на средните училишта во градот. На ООУ „Блаже Конески“  на трајно користење доделени му се…

ЈУБИЛЕЈНИ НАГРАДИ НА ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНСКА АДМИНИСТРАЦИЈА

Градоначалникот Аце Коцевски ги врачи јубилејните награди за долгогодишно континуирано работење во општинската администрација.   Душан Крстевски – 30 години Марјана Нешова – 20 години Миле Ацков – 20 години Јадранка Митевска – 20 години Славица Переска – 15 години Александар Анастасовски – 15 години Марина Лазарова – 15 години Невена Петрушевска – 15 години…

Линк за онлајн јавна презентација по предлог ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 43, УРБАНА ЕДИНИЦА VII, ОПШТИНА ВЕЛЕС – 29.12.2020, 10:00 ч.

Линк за Jавна презентација по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 43, УРБАНА ЕДИНИЦА VII, ОПШТИНА ВЕЛЕС – 29.12-2020, 10:00 ч. Meeting link: https://opstinaveles.webex.com/opstinaveles/j.php?MTID=m3142b0e97f589ce49b3f52e8f1343974 Meeting number: 174 300 8861 Password: MdQxKPgt638 За следење на јавната презентација, потребно e да го преземете и да ја инсталирате програмата Cisco Webex Meetings преку следниве линкови: Windows: https://www.webex.com/downloads.html…

Одлука за спроведување СЕА за ЛУПД со Г2 на КП 668-1,668-2,668-4, 667-1, 667-2, 668-3,666-1 КО Сујаклари

За планскиот документ Изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија, на КП 668/1, КП 668/2, 668/4 и делови од КП 667/1, КП 667/2, КП 668/3, КП 666/1 КО СУЈАКЛАРИ-вон град, Општина Велес кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ …

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Согласно последните резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес  ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 23 и 24 декември 2020 година од 106,90 μg/m3,…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ИМ ГО ЧЕСТИТА БОЖИЌ НА КАТОЛИЦИТЕ

Почитувани сограѓанки и сограѓани од католичка вероисповед   Во името на Советот на Општина Велес и во вое лично име, Ви го честитам Божиќ – денот на Христовото раѓање. Посакувам овој најголем и најрадосен христијански празник да Ви донесе здравје, мир и благосостојба. Веста за Исусовото раѓање да ја дочекаме во духот на христијанството, сплотени…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ОД ХАБИТАТ И ВИНЕРБЕРГЕР ДОБИ ДОНАЦИЈА ВО ЌЕРАМИДИ ЗА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ВО БАШИНО СЕЛО

Подрачното основно училиште „Панко Брашнаров“ во Башино Село доби донација во ќерамиди за реконструкција на покривот на објектот. Донацијата ја обезбеди Здружението за хумано домување Хабитат Македонија преку партнерскиот договор со најголемиот производител на тули во светот  Винербергер. „Хабитат Македонија е домакин на еден несебичен гест на компанијата Винербергер. Првата донација е во ќерамиди за…

ТЕКОВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во тек се градежни активности на тротоарот на улица Благој Ѓорев. „Делта пром го тампонира долниот слој а „Павер Трејд“ го поплочува. „Профил Инжинеринг“ моментално работат на секундарните канализациони линии во село Отовица и на соблекувалните на спортските терени во Превалец и во Башино Село. Се уредуваат дворовите на средните општински училишта, економското  „Јовче Тесличков“…