Малото пазарче останува затворено

На денешната седница, Општинскиот штаб за заштита и спасување донесе одлука Малото пазарче во Нова населба и понатаму да остане затворено затоа што се наоѓа во затворен простор, а граѓаните можат да го користат Градскиот пазар каде е дозволена продажба на прехранбени, земјоделски и други производи. Како што соопшти градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција, укината…

Осуммина велешани го прекршиле полицискиот час

Во изминатата недела се регистрирани 8 прекршувања и непочитување на ограничувањата за движење за време на полициски час и за истите е покрената постапка според членот 206 од кривичниот закон. Кон 107 прекршители се изречени платни налози и најчесто сите уредно си ги подмириле со попуст од 50 % во рок од 8 дена, соопшти…

Ковид-19 сè уште закана за граѓаните

Денеска во Велес се регистрирани четири нови пациенти позитивни на вирусот Ковид-19 и двајца оздравени пациенти. Досега во Велес и велешко има вкупно 149 заболени лица. Од нив 110 се оздравени, 29 се активни, а 10 лица починаа. Овие информации на прес конференција ги соопшти Градоначалникот Аце Коцевски по редовната седница на Општинскиот штаб за заштита…

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА „РАЦИНОВО ПРИЗНАНИЕ“ ЗА 2020 ГОДИНА

К О Н К У Р С за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2020 година   Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од Република Северна Македонија објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“. Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои во периодот од јуни…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ – СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека Јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купување на велосипед за 2020 година се прекинува пред истекот на рокот, 26.06.2020 година, поради исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена. Со почит. Општина Велес

Издавање на Б-ИЕД – Друштво за производство на предиво и конец „ВЕТЕКС” АД Велес

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), Градоначалникот на Општина Велес  издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на: Подносител на барањето: Друштво за производство на предиво…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ (Реконструкција на водоводна линија на улиците „Крсте Мисирков” и „Петре Прличко”)

Почитувани, Општина Велес  ја известува јавноста дека започнувајќи од утре, 9 јуни 2020 година (вторник) ќе започне со изведување на градежни работи со цел реконструкција на водоводната линија на улиците „Крсте Мисирков” и „Петре Прличко”. Градежните работи ќе се одвиваат согласно временските услови и предвидено е да завршат до крајот на месец јуни 2020 година.…

5 ЈУНИ – СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите жители на Општина Велес, Ви го честитам 5 јуни, Светскиот ден за заштита на животната средина, со единствена желба интензивно да работиме на зголемување на колективната свест за зачувување на животната средина. Правото на чиста и здрава животна средина е…