80 години од Рациновите „Бели мугри“

На денешен ден пред точно 8 деценииво печатницата на Драгутин Шпулер, во Самобор, Хрватска е отпечатена збирката „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин. Објавувањето на збирката претставува исклучително значаен настан во културниот и општествениот развој на македонскиот народ. Со неговите „Бели Мугри“, Коста Солев Рацин се смета за основоположник на современата македонска литература. Стихозбирката е…

Конкурс за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за уредување на делови од централно градско подрачје во Велес

Почитувани, Општина Велес со седиште на ул.„Панко Брашнар“ бр 1 во Велес, има потреба за изработка на конкурс за идејно решение: „Изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за уредување на делови од централно градско подрачје во Велес“. За таа цел договорниот орган спроведува Конкурс за избор на идејно решение како посебна постапка со доделување награди, во…

ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА УЛИЦА „БОГДАН КАРАКОСТЕВ”

Градежните работи за изградба на потпорен ѕид кои се одвиваат на улица „Богдан Каракостев” продолжуваат и овие денови. Завршено е бетонирањето на првата половина од ѕидот во должина од единаесет метри, а во позадината на ѕидот се изврши насипување. Во тек се градежните работи на втората кампада (вториот дел), со што проблемот со кој се…

УРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА АТМОСФЕРСКИ ВОДИ

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година, од вчера, 19 ноември 2019 (вторник) Општина Велес започна со реализација на проект за решавање на проблемот со атмосферските води на улица „Пајак Планина”. Канализациони цевки PEK 400mm и PEK 500mm се поставуваат во должина од 85 метри кои овозможуваат зафаќање на атмосферските води од…

ВО ТЕК ПОВЕЌЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Во тек се неколку градежни зафати на повеќе локации во градот, со цел подобрување на инфраструктурата во Општина Велес.  Градежни работи за изградба на потпорен ѕид се одвиваат на улица „Богдан Каракостев”. Потпорниот ѕид е со висина од околу 3,50 метри и должина од 28 метри. Општина Велес ги известува жителите од овој дел на…

Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола

Подносител на барањето: Друштво за производство, трговија и услуги “ХЕМИЈА-КОМЕРЦ” ДООЕЛ увоз-извоз Велес Подружница Производство Велес за инсталација за производство на керамички производи со печење, со со производствен капацитет од 5т/ден до 10т/ден. Седиште на операторот: Ул.“Жифко Фирфов” бр.42, Велес Локација на инсталацијата: Ул.“Ѓорѓи Шоптрајанов” бр.29, Велес Контакт лице: Владимир Трајков-одоговрно лице за заштита на…

Градоначалникот Коцевски на светскиот конгрес на паметни градови

На покана на „Бозон Солушнс“, со седиште во Тексас, САД, градоначалникот Аце Коцевски, во периодот од 18 до 22 ноември годинава, учествува на Светскиот конгрес и саем на паметни градови што се одржува во Барселона – Шпанија. Коцевски е поканет на овој значаен настан како градоначалник на првата македонска општина со Стратегија за развој на…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Општина Велес ги известува граѓаните дека утре (вторник) 19 ноември 2019 година, со почеток во 07:00 часот ќе се врши бетонирање на дел од улицата која се исклучува од улица „Димитар Влахов”, кон населба Речани (под железниот мост, непосредно до новоизведениот бетонски ѕид.) Поради изведување на бетонските работи нема да може да се поминува со возила…

Средба Коцевски – Ангелов, Потврдена успешната соработка со Република Бугарија

На 18 ноември годинава, во просториите на Општина Велес, градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов и со советничката за култура и образование при амбасадата, Антонија Велева. Продлабочувањето на билатералната соработка во областа на културата, но и отворањето на нови можности за соработка во областа на заедничката реализација на проекти…

Стартува акцијата за собирање електричен и електронски отпад

Почитувани граѓани, Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведуваат традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема чие оставање на јавни површини е забрането со закон. Искористете ја можноста овој вид на отпад да го…