КОНКУРС за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебна/студиска 2025/2026 година

За учебната/студиска 2025/2026 година, Општина Велес ќе додели: 19 стипендии на талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци. 15 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од…

НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И МЕНТОРИ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС НА ДРЖАВНИ, МЕЃУНАРОДНИ И ОЛИМПИСКИ НАТПРЕВАРИ

Сто шеесет и седум ученици од основните и средните училишта во Велес и 66 ментори добија награди и признанија од Општина Велес за нивните постигнати успеси на државни, меѓународни и олимписки натпревари за учебната 2024/2025 година. Во нивна чест денеска во Големата сала на Општина Велес се доржа свечена манифестација на која градоначалникот Марко Колев…

ПОЧИТ ЗА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ЗА СЛОБОДА – ЧЕСТИТ 9 НОЕМВРИ ДЕНОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

9 Ноември, е еден од најзначајните и најсветлите историски датуми за Велес и велешани. Годинава Велес слави 81 година од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор. На овој ден пред 81 години херојството и пожртвуваноста на сите знајни и незнајни борци биле пресудни да се извојува долгопосакуваната слобода. По тој повод, денеска делегации на Општина…

ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА ПАРТИЦИПАТИВНОТО ТЕЛО НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

СВИКУВАМ седница на партиципативното тело на Општина Велес Седницата ќе се одржи на ден 10.11.2025 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, во електронската сала на Општина Велес. За седницата го предлагам следниот: ДНЕВЕН РЕД 1.Разгледување на планска програма за ГУП на град Велес.   Ве молиме за присуство! Покана за седница

ОИК ГИ ДОДЕЛИ РЕШЕНИЈАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ И НА СОВЕТНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

На свечена седница во организација на Општинската изборна комисија денеска им беа врачени решенијата на градоначалникот Марко Колев за новиот мандат  и на новоизбраните советници во Советот на Општина Велес. Градоначалникот Колев се заблагодари на ОИК и сите вклучени институции за успешниот изборен процес и на граѓаните кои повторно му ја дадоа довербата да го…

ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА БАНЕ АНДРЕЕВ – РОНКАТА

На 31 октомври се навршуваат 45 години од смртта на Бане Андреев – Ронката, македонски комунистички деец, учесник во НОБ, државник и политичар кој целиот свој живот го посветил на борбата за социјална правда и слобода на македонскиот народ. Бане Андреев Ронката е роден на 12 август 1905 година во Велес. Основно училиште и гамназија…

ИЗВЕСТУВАЊЕ Прекинат сообраќајот во Градски парк поради дефект на подземна инсталација

Се известуваат граѓаните на Oпштина Велес дека поради обрушување на подземен канал за одведување на отпадни води на пристапен пат во градски парк кој води до влезот на спортската сала, патот ќе биде прекинат за сообраќај. Ќе бидат поставени  барикади и сообраќајни знаци заради безбедност на граѓаните. Пристапот до влезот на спортската сала ќе биде…