СПОРТСКОТО ИГРАЛИШТЕ КАЈ СИМПО ДОБИВА НОВ ЛИК

Спортот и рекреацијата се неопходни за здрав и исполнет живот. Токму затоа ова игралиште е едно од многуте кои во наредниот период ќе се реконструираат. Спортското игралиште кај Симпо ќе добие најсовремена тартан подлога и нови кошеви за рекреација, а ќе биде заменета и оградата околу игралиштето. Поубав Велес станува реалност!

Резултати од евалуацијата на предлог проекти од граѓански организации добиени на Јавниот повик во рамките на проектот ReLOaD2

По извршеното разгледување и оценување на пристигнатите пријави од Здруженија на граѓани од Велес, а во врска со Јавниот повик за поднесување пријави за проектот ReLOaD2, официјалните резултати можете да ги најдете на следниот линк

ГРАДЕЖНИТЕ ЗАФАТИ ВО СИТЕ ДЕЛОВИ НА ВЕЛЕС ПРОДОЛЖУВААТ!

Градоначалникот Марко Колев денес беше на улицата Даме Груев на увид во градежните активности, каде во тек е бетонирање, откако претходно беше заменета водоводната мрежа. И во наредниот период продолжуваме со интензивна работа со цел подобрување на инфраструктурата во градот. Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност!

СО НАЈМАЛИТЕ ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

9 Мај е денот кога се обединуваат два важни историски настани – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Оваа година овој ден го одбележавме со најмалите! Дечињата од големата група од Објектот 2 “Сонце” при ОЈУДГ “Димче Мирчев” денес дојдоа во посета на Општина Велес, каде ни ги претставија земјите членки на…

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС Е ВО ВЕЛЕС !

Во организација на Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Македонија (МАССУМ) а под домаќинската палка на ССОУ “Димитрија Чуповски” од Велес, ученици од 47 средни стручни училишта денес во Велес ги мерат своите сили во знаење, таленти и вештини. Натпревари во повеќе стручни категории, шоу на таленти, модни ревии, технолошки иновации, медицински лица, спортски…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ- “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”

Oпштина Велес се приклучува на акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”, во организација на компанијата “МЕН EНД МАУНТЕН”, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Делегација на Европска унија, Пивара и ПАКОМАК Скопје, која ќе се одржи на 06 и 07 мај. Организаторот има цел за секои 10 килограми…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Велес дека од денеска (четврток) 28.04.2022 година започнува реконструкцијата на тротоарот на улица „Илинденска“ и тоа на десната страна на тротоарот во правец кон мостот „Гемиџии“. За изведувањето на градежните работи ќе се користи механизација од различен вид  и ќе биде ппставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се замолуваат граѓаните да ги почитуваат…

ГРАДЕЖНАТА МЕХАНИЗАЦИЈА АКТИВНА НА ТЕРЕН !

Градоначалникот Марко Колев заедно со претседателот на Советот на Општина Велес, Зоран Љутков, и советникот Игор Стојанов извршија увид во градежните зафати за реконструкција на улица “Браќа Капчеви” која се очекува да биде завршена за околу 15 дена. Долгогодишните инфраструктурни проблеми на граѓаните ги решаваме посветено и одговорно. Поубав Велес станува реалност!  

ВЕЛЕС ГИ ИМА НАЈДОБРИТЕ МЛАДИНСКИ ОДБОЈКАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !

Овој викенд ГОК „Борец“ го освоија шампионското место на државното првенство за младинци за сезона 2021/22 и на задоволство на градоначалникот Марко Колев денес беа гости во неговиот кабинет. Градоначалникот Колев лично им честиташе за успехот и им искажа благодарност за афирмацијата на градот. Прекрасно е чувството кога инвестираме во децата и создаваме здрави и…

ОТПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА КОЛОВОЗОТ НА ПАТНИОТ ПРЕМИН НА УЛ.“ИЛИНДЕНСКА” – МОСТ “ГЕМИЏИИ” !

Целокупната финансиска инвестиција е обезбедена од Општина Велес и од Македонски железници и инфраструктура кои учествуваат со по 50%. Голема благодарност до Македонски железници и инфраструктура за нивниот придонес во целокупното изведување на градежните зафати. Следен премин за реконструкција е во Дворови, а понатаму ќе следуваат и премините на Стар мост, Речани и Оризари. Со…