НОВИ УЧИЛИШНИ УНИФОРМИ ЗА ОСНОВЦИТЕ ВО УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА

Од наредната учебна година сите ученици во основно образование ќе добијат нови униформи. Со предвидување на средствата во буџетот на училиштата Општина Велес за учебната 2026/2027 година ќе обезбеди бесплатни униформи за сите ученици во основните училишта. Со оваа мерка општината ќе придонесе да се намалат трошоците на семејствата но и да се создадат еднакви…

ОСВЕТЛЕНО КОШАРКАРСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО БЛИЗИНА НА АВТОБУСКАТА СТАНИЦА

По спортските терени кај гимназијата и хемиското училиште, осветлено е и кошаркарското игралиште кај автобуската станица. Поставени се нови лед светилки со кои се осветлува целиот терен за кошарка. Вака осветлено кошаркарското игралиште може да се користи за спорт и рекреација и во вечерните часеви. Исто така, на овој начин е заштитено од девијантни појави.…

СЕ ЧИСТИ КРАЈБРЕЖЈЕТО НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Продолжуваат активностите за спас на езерото Младост. Јавното претпријатие Лисиче започна со расчистување на крајбрежјето на езерото и за таа цел во соработка со Министерството за земјоделство, шумартсво и водостопанство беше отстапена соодветна машина. Денеска е распишан и јавен повик за хидрогеолошки истражувања за изведба на бушотините, а во фаза на изработка е и проект…

Вашето мислење е важно!

Денес во Општина Велес се одржаа јавни расправи по нацрт програмите за 2026 година на кои сите присутни имаа прилика да ги кажат своите предлози и мислења. Согласно можностите сите забелешки во периодот кој следува ќе се вградат во предлог програмите за наредната година. Непосредната комуникација со сите граѓани е исклучително важна, зашто само заедно…

СЕ РЕКОНСТРУИРА ДЕЛ ОД ПАТОТ КОН ПРЕВАЛЕЦ

Почна реконструкцијата на дел од регионалниот пат кон населба Превалец. Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта денеска започнаа градежните работи за реконструкција на регионалниот пат. Во тек е гребење на стариот асфалт на потегот од пругата до влезот во населбата и поставување на рабници. По завршувањето на подготвителните активности овој дел од патот…

JАВНA РАСПРАВA ПО НАЦРТ-ДОКУМЕНТИТЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2026 ГОДИНА

 ПОКАНА   Почитувани, Општина Велес Ве поканува на JАВНA РАСПРАВA ПО НАЦРТ-ДОКУМЕНТИТЕ НА ОПШТИНАТА ЗА 2026 ГОДИНА. Јавната расправa ќе се одржи на 19.11.2025 година (среда)  во електронската сала на Општина Велес и тоа за: преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички…

НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И МЕНТОРИ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС НА ДРЖАВНИ, МЕЃУНАРОДНИ И ОЛИМПИСКИ НАТПРЕВАРИ

Сто шеесет и седум ученици од основните и средните училишта во Велес и 66 ментори добија награди и признанија од Општина Велес за нивните постигнати успеси на државни, меѓународни и олимписки натпревари за учебната 2024/2025 година. Во нивна чест денеска во Големата сала на Општина Велес се доржа свечена манифестација на која градоначалникот Марко Колев…

ПОЧИТ ЗА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ЗА СЛОБОДА – ЧЕСТИТ 9 НОЕМВРИ ДЕНОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

9 Ноември, е еден од најзначајните и најсветлите историски датуми за Велес и велешани. Годинава Велес слави 81 година од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор. На овој ден пред 81 години херојството и пожртвуваноста на сите знајни и незнајни борци биле пресудни да се извојува долгопосакуваната слобода. По тој повод, денеска делегации на Општина…

ОИК ГИ ДОДЕЛИ РЕШЕНИЈАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ И НА СОВЕТНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

На свечена седница во организација на Општинската изборна комисија денеска им беа врачени решенијата на градоначалникот Марко Колев за новиот мандат  и на новоизбраните советници во Советот на Општина Велес. Градоначалникот Колев се заблагодари на ОИК и сите вклучени институции за успешниот изборен процес и на граѓаните кои повторно му ја дадоа довербата да го…