ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ВЕЛЕС ПОЛЕКА СЕ СТАБИЛИЗИРА

Состојбата со Ковид 19 во градот полека се стабилизира иако се уште бројот на заболени е голем. Се очекува да има варијации на бројката на заболени поради престојните верски празници и Нова година и зголемување на бројот во првата половина од месец јануари. Ваква оценка беше донесена на триесет и првата седница на Општинскиот штаб…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ОБЕЗБЕДИ 260 ТАБЛЕТИ ЗА ДЕЦА ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Како поддршка за учениците во услови на Ковид 19, Општина Велес обезбеди 260 таблети кои ќе бидат распределени помеѓу учениците од семејствата кои се во тешка социјална ситуација и не се во можност да ги набават. „Верувам дека на ваков начин ќе им ја олесниме маката на 260 велешки семејства и ќе го направиме токму…

СО ДВЕ НОВИ ВОЗИЛА ЌЕ СЕ СОБИРА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ОД НАСЕЛБАТА СО РОМСКО НАСЕЛЕНИЕ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Здружението за хумано домување „Хабитат“ Македонија денеска и предаде на Општина Велес две возила за собирање на цврст комунален отпад, чиј краен корисник ќе биде ЈКП Дервен. Возилата се набавени од проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ што „Хабитат“ Македонија го реализира во соработка со Општините Велес и Шуто Оризари. Тие ќе бидат наменети…

ПРЕЗЕНТИРАНИ СОДРЖИНИТЕ НА МОНУМЕНТАЛ МК

Општина Велес е единствената општина во државата која е вклучена во проектот Монументал мк – Тура за споменици и бруталистичка архитектура во Северна Македонија. На денешниот завршен настан на проектот што се одржа во големата сала во Општина Велес беа презентирани содржините на проектот како и сувенирите изработени во рамките на проектот. Спомен костурницата во…

12 000 ДРВЦА ЌЕ СЕ ЗАСАДАТ НА ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ

Дванаесет илјади дрвца ќе бидат засадени утре на втората есенска акција за пошумување на опожарениот појас крај езеро Младост.  До веќе израснатите, ќе се засадат нови стебленца багрем кои дополнително ќе го збогатат шумскиот фонд кој беше опустошен во големиот шумски пожар. Војници, пожарникари, ученици, службеници, акцијаши и други вљубеници во природата и здравата животна…

СКУЛПТОРСКА ИЗЛОЖБА НА ИЛЧО СТОЈАНОВСКИ ИЛКО

Дваесетина скулптури од дрво, гипс, керамика и мермер изработени од академскиот вајар Илчо Стојановски Илко се изложени во Ликовниот салон во Велес. Изложбата е проект од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2020 година од национален интерес, финансиски поддржана од Министерството за култура,во реализација на одделението за Историја на уметноста, ЛУ Народен музеј…

ТЕКОВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во тек се градежни актиности за ископ и одвоз на земјен материјал за припрема на подлогата за ковид Болница. Се подготвува плато со димензии 55 х 21м. Предвидено е да се ископаат и однесат околу 2800 м3 земјен материјал. Градежните работи се во завршна фаза има уште околу 500 м3 за шкарпирање на косините. Се…

ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ГРАДОТ СТИВНУВА

Состојбата се смирува но нема простор за опуштање. Ваква оценка денеска беше донесена на триесеттата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Велес. Во општината вкупно  се регистрирани 2127 заболени од Ковид-19 од кои 1297 се оздравени а 761 се активни. Од овие граѓани 691 се позитивни и се на домашно лекување, 63…

ОПАЃА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Со започнувањето на грејната сезона се зголеми и загадувањето на воздухот во градот. Во изминатиот месец, мерната станица за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух лоцирана во населба Тунел, измерила изразено високи концентрации на ПМ 10 честички во воздухот во дури 23 денови. Од одделението за заштита на животна средина при Општина Велес, велат дека…

Градоначалникот Аце Коцевски со одговор на рекациите на граѓаните во врска со зонското паркирање

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски одговори на бројните реакции на граѓаните на социјалните мрежи во врска со зонското паркирање. Тој рече дека го разбира револтот на граѓаните но кога се прави голема  промена која се одразува на секојдневиот живот и навиките на граѓаните, првите чекори секогаш се сложени и тешки. „Велес заслужува да биде…