АКТИВНОСТИ ЗА САНИРАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГОЛЕМИТЕ ПОПЛАВИ

Информациите во врска со санирањето на последиците настанати од минатонеделните поројни дождови кои зафатија делови од Општина Велес на денешната прес конференција ги пренесе градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Екипи од Општина Велес, како и фирми избрани на тендер за справување со последици од елементарни непогоди, интензивно работат на терен. „Активностите од страна на…

КОЦЕВСКИ ЗА СОСТОЈБАТА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 14 АВГУСТ 2020

Од вкупниот број на активни случаи, пет се наоѓаат на болничко лекување на инфективното одделение во ЈЗУ Општа Болница, Велес, а 23 лица се на домашно лекување. Од почетокот на месец август до денес забележани се 19 нови позитивни случаи, 11 оздравени лица, а нема починати. Градоначалникот Коцевски ги пренесе и останатите информации од дваесет…

ЦАРОВСКА, МАНЧЕВСКИ, БЕРТОЛИНИ И КОЦЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ЕЗЕРО „МЛАДОСТ”

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски, преставникот на Европската комисија Никола Бертолини и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес го посетија Езерото Младост кадешто се спроведува проект за локална и регионална конкурентност со којшто се подобрува…

РАБОТНА СРЕДБА КОЦЕВСКИ – БРНЗ

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н. Е. Кејт Мари Брнз. Средбата претставуваше исклучителна можност за размена на идеи и можности за подобрување на долгогодишната соработка помеѓу Општина Велес и амбасадата на САД. Градоначалникот Коцевски, меѓу другото, информираше и за тековната состојба на локалната економија…

КОЦЕВСКИ ЗА САНИРАЊЕТО НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО

На денешната прес конференција Градоначалникот Аце Коцевски ја извести јавноста за актуелната состојба настаната по поплавите од поројните дождови кои зафатија делови од Општина Велес во текот на минатиот викенд. „Ова е најголемата поплава што ја погодила Општина Велес, по онаа од 1974 година”, истакна Коцевски. Припадници на Територјалната противпожарна единица – Велес (ТППЕ), екипи…

„РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛАМЕН” ПРЕД ВЕЛЕШАНИ

Во чест на националниот празник Илинден, Денот на Републиката, а во рамки на Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” вечерва на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк, се прикажа филмот „Републиката во пламен”. Поради актуелната ситуација со Ковид-19 сите настани и активности се реализираат согласно објавените протоколи за почитување на…

„МАКЕДОНСКИ НОТИ” НА КООРДИНАТИТЕ „ЛАТИТУДА 41’ / ЛОНГИТУДА 21’”

Во рамки на втората програмска вечер од Велешкото културното лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”, вечерва во амфитеатарот во Младинскиот парк се одржа концертот „Македонски ноти” со староградски и новокомпонирани песни на кој настапија музичките групи „Соната” и „Виртус”. Поради актуелната состојба со пандемијата Ковид-19 концертот се одржа на отворено, а велешката публика…

ОДБЕЛЕЖАН 2 АВГУСТ, ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Со положување цвеќе на Спомен-костурницата, споменикот на велешките Илинденци и пред споменикот на великанот Панко Брашнаров, денес се одбележа националниот празник Илинден, Денот на Републиката. По повод 117 години од почетокот на Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората…

УРЕДЕНА И ПРИСТАПНА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПРВАТА ПЛАЖА НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

ел од крајбрежниот појас на велешкото езеро „Младост” од денес е целосно достапен за користење и за лицата со попреченост. Неорганизираното зеленило во појасот околу т. н. Прва плажа е целосно отстрането. Поставена е пристапна патека и плажа за пристап на лица со попреченост, а ќе се постави и ограда за безбедно да се стигне…

ЗАПОЧНА ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2020

Со целовечерен концерт на балетското студио „Анабела” кој се одржа на отворениот амфитеатар во Младинскиот парк, вечерва започна Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Со овој јубилеен концерт балетското студио „Анабела” одбележа 25 години од своето постоење. Во рамки на Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”, ќе…