НА ДВЕ ТРКАЛА ДО ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ

Во соработка со Здружението на љубители на велосипедизмот „Велес бајкинг” и младинскиот велосипедски клуб МВК „Велес”, вечерва Општина Велес организираше ноќна велосипедска рекреативна тура насловена „Bike2Night” („Вози велосипед вечерва”). Оваа активност е дел од проектот R2M – „Ready to Move” („Подготвени за движење”), со кој Општина Велес оваа седмица ја одбележува Европската недела на мобилност.…

ВЕЛЕС – ПРВА ОПШТИНА СО ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ

Општина Велес оваа седмица ја одбележува Европската недела на мобилност преку реализација на активности кои се во рамки на проектот R2M – „Ready to Move” („Подготвени за движење”). Како втора активност од одбележувањето на Европска недела на мобилност, денес во просториите на Општина Велес се изврши презентација на финалната верзија на Планот за одржлива урбана…

ДЕНОВИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ ВО ВЕЛЕС

Стотина деца од градинката „Димче Мирчев” денес беа дел од едукативно – интерактивна работилница која имаше за цел да го презентира велосиедот како алтернативно превозно средство. Општина Велес оваа седмица ја одбележува Европската недела на мобилност преку реализација на активности кои се во рамки на проектот R2M – „Ready to Move” („Подготвени за движење”). Проектот…

Поп Ацев најбрз на Меѓународниот пливачки маратон

Прекрасна опуштена летна атмосфера на езерото Младост за големиот број на љубители на пливањето.Триесетина аматери и четириесет професионални пливачи денес учествувааа на Шестиот Велешки пливачки маратон, кој годинава со учеството на пливачи од повеќе држави добива и меѓународен карактер.,,Минатата година дадовме ветување дека маратонот ќе стане меѓународен и тоа ветување го исполнивме. Им благодарам на…

ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС СО НОВ ДИЗАЈН

На денешната прес конференција, градоначалникот Коцевски ја презентираше редизајнираната интернет страница на Општина Велес. Граѓаните ќе може да ги добиваат информациите од редовните содржини, како и до сега, но овој пат се додадоа и нови решенија за полесен пристап до истите. „Новиот дизајн на интернет страницата на Општина Велес овозможува побрз, поедноставен и поефикасен пристап…

СТАРТУВА ШЕСТИОТ ВЕЛЕШКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

На денешната прес конференција, градоначалникот Коцевски го најави стартот на шестиот по ред „Велешки пливачки маратон”. Во недела, на 15 септември 2019 година, на езеро „Младост”, Општина Велес, во соработка со Здружението за спорт и рекреација „КЛУБ 28″ од Велес, Кајак клубот „Бабуна“ од Велес и Националната пливачка федерација, ќе го организира шестиот „Велешки пливачки…

ОПШТИНА ВЕЛЕС – УЧЕСНИК НА TECH4MUNI ИНОВАЦИСКАТА ТРКА

Голем број на идејни решенија за предизвици со кои се соочуваат општините можеа да се чујат на денешниот иновациски спринт Тech4Muni каде за прв пат 16 млади македонски компании имаа можност да ги претстават своите креативни идеи пред претставници на општините. Настанот го отвори Горан Милевски, министер за локална самоуправа кој ја истакна важноста од…

БЕСПЛАТНИ ЧАСОВИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА ВЕЛЕШАНИ

Локалната библиотека „Гоце Делчев“, во соработка со волонтерите на Мировниот корпус кои живеат во Велес и оваа година ја продолжува реализацијата на проектот за изведување на бесплатни конверзациски часови по англиски јазик наменети за граѓаните на Велес. Преку неформално учење и вклучување во различни активности, во група составена од луѓе од повеќе возрасти, во релаксирана…

ПРОМОВИРАН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА РОМИТЕ ВО ВЕЛЕС

Во рамки на проектот „Мапирање на разликите во домувањето за Роми“ кој е финансиран од Европската унија, а е под-грант на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“, Здружението „Ромски Деловен Информативен Центар” (ЗРДИЦМ) од Скопје изработи документарен филм кој денес беше промовиран во Општина Велес. Во името на градоначалникот Коцевски, на Советот при Општина…

ПРЕТСТАВНИК ОД КОМИТЕТОТ ЗА РЕГИОНИ НА ЕУ НА РАБОТНА ПОСЕТА ВО ВЕЛЕС

Делегација предводена од Известувачот на Комитетот за региони на Европската Унија, Јарослав Хлинка денес оствари работна средба со градоначалникот Коцевски. Комитетот за регионите, со седиште во Брисел, претставува советодавно тело на Европската комисија кое има улога да ги изнесува и предлага ставовите на локалните и регионалните власти во врска со законодавството на ЕУ, по пат…