СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 27 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција ја пренесе оценката од Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување во врска со ситуацијата со Ковид-19 во Општина Велес, која е оценета како стабилна, но истовремено потенцираше дека велешани треба да бидат внимателни поради враќањето на сограѓаните од годишните одмори во Струга, Охрид, Албанија и други места и…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА АРМИЈАТА

Почитувани припадници на Армијата на Република Северна Македонија, Во име на Советот на Општина Велес, во името на сите наши сограѓанки и сограѓани и во свое лично име ви го честитам 18 август, Денот на Армијата. Вашиот несебичен и професионален придонес кон унапредувањето и зачувувањето на мирот и безбедноста се одлика на храбри, пожртвувани, лојални…

КОНЦЕРТ НА ВЕЛЕШКИОТ ГРАДСКИ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР

Во рамки на Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” вечерва во Ликовниот салон во Велес се одржа концертот на Градскиот камерен оркестар насловен „Сербез класика“.  Со познати музички дела од Бокерини, Шостакович, Гершвин, Гардел и други, како и со македонски антологиски песни со потекло од Велес, настапија солистите Вероника Караколева, проф. Менка Богоевска, проф. Габриела Бачманова, м-р Трајче Малинов,…

ТРЕТО АВИОНСКО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека денес во утринските часови компанијата „Бониер” од  Куманово изврши трето авионско третирање против комарци на подрачјето на Општина Велес. Согласно договорот помеѓу општината и компанијата за авионска апликација на средство за аеросолна дезинсекција, прскањето е изведено  со средството Ciceron 2.0 ulv, биоциден производ за уништување на летечки инсекти…

АКТИВНОСТИ ЗА САНИРАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГОЛЕМИТЕ ПОПЛАВИ

Информациите во врска со санирањето на последиците настанати од минатонеделните поројни дождови кои зафатија делови од Општина Велес на денешната прес конференција ги пренесе градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Екипи од Општина Велес, како и фирми избрани на тендер за справување со последици од елементарни непогоди, интензивно работат на терен. „Активностите од страна на…

КОЦЕВСКИ ЗА СОСТОЈБАТА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 14 АВГУСТ 2020

Од вкупниот број на активни случаи, пет се наоѓаат на болничко лекување на инфективното одделение во ЈЗУ Општа Болница, Велес, а 23 лица се на домашно лекување. Од почетокот на месец август до денес забележани се 19 нови позитивни случаи, 11 оздравени лица, а нема починати. Градоначалникот Коцевски ги пренесе и останатите информации од дваесет…

ЦАРОВСКА, МАНЧЕВСКИ, БЕРТОЛИНИ И КОЦЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ЕЗЕРО „МЛАДОСТ”

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски, преставникот на Европската комисија Никола Бертолини и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес го посетија Езерото Младост кадешто се спроведува проект за локална и регионална конкурентност со којшто се подобрува…

РАБОТНА СРЕДБА КОЦЕВСКИ – БРНЗ

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н. Е. Кејт Мари Брнз. Средбата претставуваше исклучителна можност за размена на идеи и можности за подобрување на долгогодишната соработка помеѓу Општина Велес и амбасадата на САД. Градоначалникот Коцевски, меѓу другото, информираше и за тековната состојба на локалната економија…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ KОЦЕВСКИ ПО ПОВОД 12 АВГУСТ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МЛАДИТЕ

Драги млади велешанки и велешани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 12 август, Меѓународниот ден на младите. Вие, преку вашите креативни идеи, потенцијал и ентузијазам за ваше активно вклучување во процесите на донесување на политики, можете да влијаете на личниот, но и директно на општествениот развој.…

Одлука за спроведување на Стратегиска оцена ЛУПД КО Оризари КП 1879, 1880, 1881/1

Одлука за спроведување на стратегиска оцена За планскиот документ Изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија, на КП 1879, КП 1880 и КП 1881/1, КО ОРИЗАРИ-вон град, Општина Велес кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.199/14, 44/15, 44/15…