Нова донација од Хабитат и ЕУ

Денес, претставникот на Здружението за хумано домување Хабитат Македонија Костадин Настовски, на градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, му ја предаде хуманитарната помош од 50 пакети со средства за лична хигиена, што се обезбедени од проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници финансиран од Европска Унија“. Градоначалникот Коцевски заблагодарувајќи се на дадената помош изјави дека…

Одбележани 117 години од Солунските атентати

„Се арчиме за Македонија“. Оваа моќна реченица вградена во колективната свест на македонскиот народ одекнува како потсетник дека Велес е еден од градовите каде македонската авангарда ги испишала страниците на историјата со револуционерни подвизи, интелектуална мисла и надчовечки хероизам. По повод 117 години од историскиот 28 Април, 1903 година кога започнаа акциите на Гемиџиите во…

Благородна донација на Тетовската компанија „Еколог“ и семејството Дестани Таблет за 50 деца во Велес

Поттикнати од мотото дека секое дете има право на пристап до современите технологии и можност да ја следи онлајн наставата заедно со сите други ученици, компанијата „Еколог“ и нејзините основачи – семејството Дестани од Тетово, денеска на градоначалникот Аце Коцевски му предадоа донација од 50 таблети. Донацијата е наменети за деца чии семејства се соочуваат…

РЕДОВНА ПРОЛЕТНА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ВЕЛЕС

Од утре, 28 април 2020 година (вторник), Општина Велес започнува со реализирањето на редовната пролетна дератизација во градот како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Во зависност од временските услови, активноста за дератизација ќе се спроведува во наредните десет денови, при што ќе биде опфатена површина од 150.000 м2, односно ќе бидат…

Дезинфекција на Градскиот пазар

Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен” денес извршија повторно миење и целосно дезинфицирање на просторот на Градскиот пазар во Велес. Мерките и активностите произлезени од заклучоците на Општинскиот штаб за заштита и спасување, а со цел превенција и заштита на населението од ширење на коронавирусот континуирано се применуваат во општината. Општина Велес апелира до…

Честитка од градоначалникот Коцевски по повод почетокот на рамазанските пости

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓаните од сите заедници и во свое лично име, до сограѓаните од исламска вероисповед упатувам честитки по повод почетокот на рамазанските пости.  Светиот месец Рамазан е празникот кога се слави духовното и телесното прочистување. Солидарноста и милосрдието се заеднички вредности на кои нè учат …

Прес конференција на Коцевски за актуелната состојба со Covid-19 во Велес

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста за заклучоците и одлуките донесени на денешната деветта по ред седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, како и за спроведувањето на претходно донесените мерки и активности за заштита од ширење на коронавирусот во општината. Градоначалникот Коцевски ја пренесе констатацијата на…

РАСЧИСТЕНИ ДИВИ ДЕПОНИИ СО ГРАДЕЖЕН ШУТ

Согласно Програмата за управување со отпад за 2020 година, Општина Велес спроведува активности за чистење на дивите депонии од градежен шут. Во претходно спроведена тендерска постапка и избор на економски оператор, започнувајќи од 21 април па во следните десетина дена ќе се изврши чистење на локациите: пристапен пат кон населба Дурутовец, излезот од Велес кон…

ЗАКЛУЧОЦИ ОД ОСМАТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Во просториите на Општина Велес, денес се одржа осмата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување на која беа донесени следните заклучоци: –       По препорака на Главниот кризен штаб, општинските кризни штаботви се задолжуваат заедно со МВР и припадниците  на АРМ да изработат Оперативен план  за обезбедување редарски служби пред маркетите, објектите на филијалите…

ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ СО ДОВОЛЕН БОЛНИЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА ПРИЕМ НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ ЗАБОЛЕНИ ОД COVID-19

„До сега се земени 350 брисови, од кои 36 се потврдени позитивни на Covid-19 вирусот, а овие бројки се во рамки на очекувањата”, информираше на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Во случај на зголемување на бројот на пациенти кои треба да бидат згрижени во здравствените институции, градоначалникот Коцевски информираше дека во…