ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ ЌЕ ОДРЖУВААТ РЕД ПРЕД БАНКИТЕ И МАРКЕТИТЕ

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски информираше за заклучоците донесени на осмата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која исто така се одржа денес, во просториите на општината. Имајќи ги в предвид искуствата од минатиот викенд, Коцевски извести дека се преземаат мерки и активности за организирање на долгиот полициски…

Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола Друштво за производство на предиво и конец Ветекс АД Велес

Градоначалникот на Општина Велес ОБЈАВУВА        Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18),…

ДОПОЛНИТЕЛНА ПОМОШ ЗА НАЈРАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција извести дека на следната седница на Советот на Општина Велес ќе се направат промени на повеќе Програми од кои ќе се намали финансиската поддршка од повеќе ставки, со цел обезбедување повеќе финансиски средства кои ќе се пренаменат за набавка на опрема за лична заштита, заштитна…

ОДРЖАНА СЕДМАТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Општинскиот штаб за заштита и спасување денес ја одржа седмата седница на која определи економски оператори – маркети на кои им издаде дозвола за работа и движење во време на забрана на движење за деновите 11 и 12 април (сабота и недела) 2020 година за период од 08:00 до 20:00 часот, со цел достава на…

СЕДНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста дека  следнатa седница на Советот на Општина Велес ќе се одржи по електронски пат. „Владата на РСМ донесе уредба со која се дава можност на градоначалникот да побара свикување на вонредна седница на Советот на општината, како и можност Советот да заседава…

ОПШТИНА ВЕЛЕС – НАЈВИСОКО РАНГИРАНА НА БАРОМЕТАРОТ ЗА ВЕБ ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Општина Велес е највисоко рангирана на Барометарот за веб транспарентност на Центарот за управување со промени (ЦУП) кој се однесува на веб-транспарентност во 2020 година на општините. Во образложението на Центарот за управување со промени (ЦУП) се истакнува дека Општина Велес објавува најмногу информации на општинската интернет страница за работата во рамките на своите надлежности.…

АПЕЛ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ДО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Во пресрет на велигденските празнувања, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција упати апел до претставниците на Македонската Православна Црква – Повардарска Епархија и на Исламската Верска Заедница да ги почитуваат законските прописи и препораки дадени од надлежните државни институции и да ги следат позитивните примери за кои новинарите известуваат како тоа…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ПЗУ АПТЕКИ „ЖИВА ФАРМ”, ВЕЛЕС

Почитувани, Со воведувањето на заострените мерки на 8 април 2020 година за заштита и спречување на ширење на CVOID-19 (коронавирус), се воведува воонредно работно време на Аптеките на ПЗУ „Жива Фарм”, со цел олеснување на набавката на лекови, помагала за пациентите со акутни и хронични терапии. Работно време од 9 април 2020 година во работни…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ДО ПРИПАДНИЦИТЕ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

Почитувани, На овој ден, 8 април, кога се одбележува културната специфичност и традиции на ромската заедница, која е една од најстарите на нашата територија, во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име, упатувам искрени честитки по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите. Ромската етничка заедница со нејзините културни специфичности, цврстата…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО УПРАВИТЕЛИТЕ И ЗАЕДНИЦИТЕ НА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ

Почитувани, Се известуваат сите управители и заедници на сопственици на станбените згради: –       Да се вклучат во спроведувањето на дезинфекција на заедничките простории во станбените заедници на територијата на Општина Велес; –       Дезинфекцијата да се изврши координирано  од страна на управителите или претседателот на заедницата на сопственици на станбената зграда и Центарот за јавно здравје –…