Во фабриката за вода – нов озонатор вреден 240 илјади евра

Денеска во Филтер станицата, ДЕ НОРА ТПФ 37, ЈКП „Дервен“ го пушти во употреба новиот генератор за производство на озон вреден 14.750.000 денари или 240.000 евра. Тој ќе го земени сегашниот дотраен стар озонатор кој се користи од 1991 година.  Во изминатиов период претпријатието не располагаше со резервен озонатор, а постоечкиот беше во лоша состојба…

Безбедни во сообраќајот – Акција на локалниот совет за превенција

Изминативе денови Локалниот совет за превенција од детско престапништво излезе на градските улици во соработка со СВР и спроведе акција во рамките на планираните активности од својата годишната програма. Имено, тимови на членови од Советот реализираа теренска акција за превенција од прекршување на законската обврска за носење на заштитни шлемови кај возачите кои управуваат со…

Младите можат и во Велес

„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ е пристапот кон младинските проблеми по кој здружението „Младите можат“ од Скопје го имплементираше проектот „Младински локални иницијативи“ во Велес и во Кочани во изминатата година. Во рамките на овој проект група од десетина млади луѓе- средношколци наречени „Младинска локална инцијатива во Велес“ извршија анкета во Општина Велес за учеството…

Јавен конкурс за изработка на ликовни творби на тема: „Велес во кој сакам да живеам“

Цел на конкурсот: Конкурсот се распишува со цел да се стимулира детското ликовно творештво, да се поттикне креативноста кај младите и да јакне љубовта кон родниот град. Услови: 1.Право на учество имаат сите ученици од основните училишта од Општина Велес. (Темата треба да е претставена со оргинални ликовни творби кои претходно не се објавувани и…

Јавен конкурс за изработка на видео запис на тема: „Велес низ мојот објектив“

Цел на конкурсот: Конкурсот се распишува со цел да се стимулира и поттикне креативноста кај младите и да јакне љубовта кон родниот град. Услови: 1.Право на учество имаат сите ученици од средните училишта од Општина Велес. (Темата треба да е претставена со оргинални видео записи, кои претходно не се објавувани и не учествувале на други…

Кој е најпрепознатливиот бренд на Велес?

Спомен костурницата, велешката пита, Пешти, Велес паметен град, Саат кулата,, езерото Младост се дел од идеите за туристички потенцијали кои граѓаните на Општина Велес ги идентификуваа, а според нив претставуваат препознатлив туристички бренд за Велес и истите ги предложија на форумот кој денес се одржа во просториите на Општина Велес како дел од проектот „Велес инспирира…

Известување за граѓаните

Почитувани граѓани, До Општина Велес доставено е известување од страна на Прехрамбената индустрија „Благој Ѓорев“ дека на ден 26.10.2019г. (сабота) од страна на стручни лица од Република Србија ќе се врши нагодување на горилникот на котелот ДБК-50 (кој досега не работеше). Притоа можни се видливи емисии на чад во воздухот од излезниот оџак на парниот…

Нацрт Б-интегрирана еколошка дозвола Дангал 09

Општина Велес, ја изготви Нацрт Б-интегрирана еколошка дозвола за ДПССТУ “ДАНГАЛ 09” ДООЕЛ Велес  на КП 49/1 и КП 49/2 КО Црквино во мв.  “Венуле”, Велес. Во согласност со член 107 став 13, а во врска со член 122 став 4 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09,…

Велешки иницијативи за еднакви можности и родова еднаквост

Во рамките на проектната соработка на Општина Велес со Фондацијата „Жена за жена“ (The Kvinna till Kvinna Foundation) од Шведска и Организација на жените на Општина Свети Николе, денес, под модераторство на координаторката за ЕМЖМ и менторката Благица Кирова во Општина се организираше фокус група со претставнички од повеќе граѓански организации од градот. Целта е…

ЗА ПРВПАТ: ПРОШЕТКА НИЗ ВЕЛЕС СО ПОМОШ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА

Велес е првата општина која се вклучи во проектот  „Македонија на дланка“ (анлгиски Macedonia from above) со кој потенцијалните туристи од целиот свет можат виртуелно да ја посетат нашата земја, реално да ја запознаат а потоа и да посакаат да ја посетат. Отсега сите корисници на интернет ќе можат виртуелно да  посетат 18 локации во…