РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“

Ќе се реконструира една од најфрекфентните улици во градот. Веќе се започнати подготовките за санација на дел од улицата „Белградска“ и тоа на спојот со улицата „Киро Ќучук“ до спојот со улицата „Димитрија Чуповски“. Градежните зафати ќе опфатат отстранување на стариот оштетен асфалт и ќе бидат послани два асфалтни  слоја. Општина Велес продолжува со инвестиции…

ПИТИЈАДА 2024 ОД 11 ДО 13 ОКТОМВРИ ВО ВЕЛЕС

Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ ќе се одржи на 11, 12 и 13 октомври. Во тек се подготовките за најмасовната и најпосетената манифестација на која центарот на вниманието е вкусната традиционална велешка пита, но и богатата музичка понуда за сечиј вкус. Повеќе детали за настанот Општина Велес ќе објави наскоро на официјалната…

УТРЕ ПОЧНУВА МЕЃУНАРОДЕН САЛОН НА СТРИП И СТРИП КОЛОНИЈА ВЕЛЕС 2024

Велес домаќин на 21. Меѓународен салон на стрип и на 6. Стрип колонија „Велес 2024“. Стрип центар на Македонија и Општина Велес ве очекуваат на свечено отворање утре, 21 август во европска куѓа Велес, со почеток во 20 часот. На настанот ќе учествуваат бројни гости, стрип уметници од земјава и од странство, кои преку изложби…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. ДИМИТАР ВЛАХОВ

Почитувани, Општина Велес од денес 12.08.2024 година, започнува со градежни работи за „Реконструкција на ул. Димитар Влахов преку нов мост (без нов мост) до кружна раскрсница пред Стоковна куќа“, една од четири улици во лоша состојба предвидени за реконструкција. Работите ќе ги изведува ДПГТТУ ФИЛИП ИНЖЕНЕРИНГ. Сообраќајот ќе се одвива согласно одобрен времен режим и…

ТУРСКИОТ АМБАСАДОР ФАТИХ УЛУСОЈ ВО ПОСЕТА НА ВЕЛЕС

Во неофицијална посета на Велес денеска пристигна турска делегација на чело со амбасадорот на Република Туркије во Македонија Фатих Улусој. Амбасадорот го придружуваа советникот и заменик амбасадор Мухамед Челикаја, советникот за верски работи Мустафа Бодур, советникот за трговија Синан Танроен  и преведувачот Танер Демирџи. Во име на градоначалникот Марко Колев, амбасадорот го пречекаа претседателот на…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Интервјуто (фаза 2) по Јавниот повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Управниот одбор на  Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР-ШЕПА Кавадарци  бр.25-2823/21 од 08.07.2024 година, ќе биде спроведено на 31 јули 2024 година, во 14 часот во Електронската сала-Општина Велес. Интервјуто (фаза…

НОВА ЗАШТИТНА ОПРЕМА ЗА ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

Велешките пожарникари добија нова заштитна опрема. Општина Велес набави 35 комплети заштитни униформи за шумски пожари, сообраќајни несреќи и рушевини, како и ракавици и обувки. Новата опрема значитечно ќе им го олесни извршувањето на работните задачи на пожарникарите. Градоначалникот Марко Колев упати голема благодарност до припадниците на ТППЕ Велес за нивната пожртвуваност во накјкритичните моменти…

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2024

Со концерт од час и половина и со песни за сечиј вкус, музичкото дуо Јованче и Марина, вчеравечер се обиде да ја поттикне хуманоста кај велешани, да ја отворат апликацијата ecrowd.mk и да донираат средства кои ќе бидат наменети за граѓани на кои им се неопходни. Велешани го исполнија Младински парк и се забавуваа на…